По подолго време и јас да го претставам освежувањето во мојот возен парк.
Изборот на крајот падна на Пежо 206. Иако на почетокот бегав од французи, случајно го приметивме ова и ми се виде како најискрено количе (да бидам попрецизен најнемашминкано и нападно). Произведено е 12 месец 2002 година, 1.1 мотор, плава боја. Од опрема има доволно (абс, 2 воздушни, серво, клима, електрика на стакла, централно со далечинско и сл). Наводно има пројдено 102.000 км, барем толку ги пишува на таблата. Дојде со 4 солидни (2013г) зимски гуми, така што до пролет ќе се возиме со нив, па тогаш ќе се бараат нови летни патики. Се чека на една генералка на хемиско, па тогаш и ќе ја сликнам. Надворешно има неколку гребнатини и вдлабнатини, но за таа година и се очекува такво нешто.
До сега, сменети се клинет и ребраст каиш со затегачи во Еуроимпекс, сменето е и масло во мотор и комплет филтри.
Количето нормално си дојде со ситни и покрупни болести. Проблемот кај многу 206-ки, со жмигавецот сам да се вклучува кога се врти воланот е решен, бесплатно по неколку дневно врткање. Уште при самото тест возење, приметив дека брзината не изгледа како таа што ја покажува, за на крај да излезе дека навистина (бар според гпс со мобилен) покажува 10км/ч помалку.
Меѓутоа, покасно се испостави и дека мерачот за температура на моторот воопшто не покажува како што треба. Или оди од нула до 70, или почнува од 70 степени па се до црвено скоро. Кога им посочив на еуроимпекс дека мислам дека прегрева колата, ми кажаа само дека имала малку антифриз и откога додале дека се е во ред. Ја ставивме на тестер кај еден комшија, но нему му покажа грешка во катализаторот. Ја избришавме но си ја покажува нон стоп. Однесена е кај ММ Сервис (карши Раде Кончар/Близу) и он исто констатираше дека не прегрева, си вклучува нормално преката на ладилникот на 98 степени, само што не ја намалува температурата на инструмент таблата, и ми посочи прво да си најдам табла што е во ред, па после да видиме дали има некој проблем. Бидејќи немав начин како да ја мерам температурата, ми текна со унимер дека можам. Тогаш приметив и дека антифризот во казанчето како да го циркулира некако слабо. Вообичаено што имам приметено на неколку возила, си има млаз како од чешма на пример, додека тука повеќе личи како да капе. Па дури и по подолго возење, температурата во самото казанче да е пр. 85, додека пак во цревото што доаѓа од ладилникот да стига и до 100 степени. Ова го посочив на последниов мајстор, меѓутоа не ми изреагира ништо.
Можеби не се разбирам многу во оваа проблематика, но би сакал да прашам дали таа температура што ја мерам од понекогаш и 100 степени што доаѓа од ладилникот е превисока или не. Претпоставува дека може да биде сензорот за температура ж, па за 350 ден го сменив меѓутоа ништо не се смени. Тој е означен со 92-87, па ме инстересира што регулира тој, и дали некој знае на колку треба да вклучува перката, на 92, или на 97-8 степени. Инаку како што прочитав по интернетов моето има 2 степени на брзини и претпоставувам оној првиот не се вклучува.
Исто поважно, дали можете да ми посочите некој добар мајстор за Пежо, ја прелистав темава за препорачани сервиси, меѓутоа не најдов ништо поконкретно.