Првиот пат на сервис му ставиле Liqui Moly 1/205.
Вториот пат GM 1/205. Тоа 1/205 незнам што значи, така има во фактурата само.
Првиот пат брат ми се жалеше на некој звук, како крцкање и цвичење од предното лево тркало на некој нерамнини. И јас тоа го утврдив. Гледаа, правеа нешто. Ама ништо не поправиа. Тоа квичење или крцкање се губи кога е врнежливо или после перење на колата
Сега најново му се расипа потенциметарот за подесување на климата. Работи само на 4ка.
Исто така вади некој одвратен звук, на цвичење (како да колиш зајачиња), кога возиш 100 - 110 ако има страничен ветар. Зошто и како вади таков звук, уште не можиме да утврдиме.
Брат ми не е ама ич по колите, само вози од шо мора. Така да не можам многу да ти кажам. Од тоа што јас го имам возено, ова погоре само.
Поз