Автор Тема: Проблем со Toyota Yaris 1.4 D4-D  (Прочитано 1478 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7077
Проблем со Toyota Yaris 1.4 D4-D
« на: 24 Август 2015, 12:53:16 pm »
Е вака, се работи за Toyota Yaris 1.4 D4-D, поминати нешто повеќе од 100.000 км, веќе 5-6 пати проблемот не може да го решат во Тојота сервис па да прашам дали има некој препорака каде да се однесе. Возилото е купено во Тојота Скопје.

Проблемот е следен:
При нормално возење дали на отворен пат дали во град одеднаш се губи силата на моторот и не прима гас. По исклучување и повторно стартување на моторот продолжува да работи нормално. Ова се случува веќе 1 година и никако не може (или не сакаат) да откријат  за што се работи и како да се реши проблемот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1 на: 24 Август 2015, 13:00:33 pm »
Вакум црева на турбината или евентуално егр вентил...

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7077
Одг: Проблем со Toyota Yaris 1.4 D4-D
« Одговори #2 на: 24 Август 2015, 13:13:43 pm »
Ме чуди како во Тојота до сега не го средија проблемот, а секој пат тврдат дека овој пат е среден проблемот, прават тест возење и џабе. А за вентилот освен да се нарача нов постои ли друг начин да се утврди дали е до него ?

Некој кај нас што се занимава со оваа проблематика да ја погледне ?

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Проблем со Toyota Yaris 1.4 D4-D
« Одговори #3 на: 24 Август 2015, 13:21:32 pm »
Ме чуди како во Тојота до сега не го средија проблемот, а секој пат тврдат дека овој пат е среден проблемот, прават тест возење и џабе. А за вентилот освен да се нарача нов постои ли друг начин да се утврди дали е до него ?

Некој кај нас што се занимава со оваа проблематика да ја погледне ?
Сензор за воздух може да биде, кај Тојота со овој мотор чест проблем е ова и се решава брзо, но ќе ти пишам број и локација во ПП од еден човек па појди и види со него.