@ krale: Гужвата околу блек фрајдеј одамна е завршена. Од вчера до сега никако да воспоставам контакт со тебе. Вчера повторно ми се јави девојчето и рече дека не си можел да разговараш и да те барам денеска. Денеска многу неуспешни обиди за воспоставување контакт со тебе. Навистина не знам како може да те контактира било кој што сака да купи нешто, дали да рекламира производ или ете да праша нешто. Мој совет е тргни го контакт телефонот од огласот пошто и така не си достапен, барем не си ги бркај потенцијалните муштерии. Ништо лично, ништо намерно, чисто објективна криитика која се надевам знаеш да ја прифатиш.
П.С Знам дека ми рече да ти оставам број за контакт во пп меѓутоа не сакав да се чувствувам "привилегиран". Сакав како обичен смртник да го добијам она што го барам. Можев и со девојчето да направам муабет но од куртоазија како клабери и позитивното искуство на дел од членството сакав лично со тебе да разговарам.
Бројот е активен 10 часа на ден (10-20ч), и на него одговараме директно во салонот. Доколку не сум на работа во моментот, за директен контакт остави број за ПП или консултирај се со било кој од вработените за секоја потреба/поплака.
Допрва ке осетат не само блек фрајдер, него и блек мандеј, туЗдеј, и тако даље.. тотално блек.. со ваков однос према клиентите назад ви е зимата... штета што како секој бизнис во македонија така и овој .. неможат да си задржат квалитет..
Sent from my iPhone using Tapatalk
Напротив, во квалитетот напредуваме од денот кога почнавме да работиме сервис. Само во последните неколку месеци набавена е врвна опрема за сервис, што моментално мислам дека во Скопје ја нема на друго место, а не знам за пошироко. Дел од проблемите со лепење ќе бидат елиминирани по комплетирање на обуката за користење на опремата, а дел е веќе ставена во функција. Во исто време, обучуваме постојано нов персонал за сервис, со што одржуваме рекорден, со гаранција број 1 во МК, најбрз поврат на уред оставен за сервис. Наскоро се очекува и склучување на договор со образовни институции за директна обука и на кадри кои се уште се во образовниот процес - односно тн. пракса.
Така да не само што се работи на сите недостатоци, туку истите се речиси целосно елиминирани. Чест на исклучоците - за кои - како што реков, контактирајте ме директно овде или по ПП, за да интервернирам за нивно отстранување.