Оргинал, направен и на марс е оргинал. Не е битна локацијата на производство, туку кој го прати и верификува производството, дури и при аутсорсинг на производство.
Фалсификатот, ако е добро направен, неретко чини колку и оргиналот.
Кина има свои квалитетни брендови, кои за жал поради цената не доаѓаат кај нас.
Мобилната галантерија е 100 % од Кина, 100% фалсификат, а ако сакаш оргинал ќе си платиш најмалку 3 пати поскапо од кинескиот фалсификат, иако можеби и тој е произведен во Кина, но со контрола и верификација на производителот.
Нашиот сиромашен пазар, мора да се задоволува со фалсификати. Со надеж дека ќе тераат како и оргиналите, иако некои од несовесните увозници/сервисери и остало, ќе ти го продаваат како оргинал, дури и ќе ти дадат гаранција, иако зад истата не стои никој туку само увозникот или сервисерот, и самиот ќе го јаде стапот ако нешто не е во ред, односно нема покритие од производителот, или се договара со него претходно, на пример на 100 купени проивода, да му дадат 5 гратис, како би си ја надоместил загубата во случај на квар.
При увози од Кина, неретко увозниците плаќаат посредници кои се присатни на утоварите, како би гарантирале дека се утовара она што претходно е платено и договорено.