Здраво на сите,
Нов член сум на форумов па да ја претставам и мојата нова кола.
Сеат Ибица 1.9 ТДИ од 2002 година
Има поминато 161 000км според шалтаблата а 267 000км колку што видов на италианските документи
66 kW
90 hp
Клима
Ел. на прозори
Борд нема
4 скоро нови гуми Firestone
Засега планирам да направам еден сервис (масло, филтри, каиш. затегачи) и едно хемиско чистење, за домаќинско возење
Малку ми е бучен моторот не сум научен на дизел досега возев само бензинци, затоа планирам одкако ќе сменам масло да му закачам некој адетив со надеж дека ќе се смири малце моторот.
Ако има некој некое искуство и совет за какво масло да му ставам и каков адетив слободно нека пиши.
Поздрав