Автор Тема: Toyota Prius 3rd gen - Батерии на патот.  (Прочитано 2832 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Toyota Prius 3rd gen - Батерии на патот.
« на: 03 Октомври 2011, 22:13:14 pm »
Дупли мотор во една кола. И не, не се работи за некое ѕверско тркачиште, туку за хибрид. Овој пат сакам да ви го пренесам моето искуство од поскапиот хибрид на пазарот со цена од околу ~26.000 евра, па се до 29.000. Верзијата која беше на тест беше 28,900 со попуст до 26.500.

За разлика од Хондата, како што напоменав се работи за возило кое е околу 8.000 евра поскапо. Соодветно се добива поголем габарит и различен мотор, како и повеќе сила. Големината на Приус го ограничува во градски услови, но не е крајно неупотреблив. Како и да е најголемите придобивки од хибридниот систем се добиваат во град, па логично би било да се користи ова возило во градски услови.



Внатрешноста е голема и пространа, во форма на моноволуменец. Крајно тивко и рафинирано искуство од моторот кој се употребува. Седиштата  се добри, а воедно и изработката е слична како и другите тојоти. Може да се каже дека се работи за крстосувач на кратки патеки. Интересни гаџети се наоѓаат внатре, како камера за позадинско прегледување при паркинг. Соларни панели за клима уред додека е исклучено возилото и слично.

Фраерлукот во ваква кола е на малку пониско ниво од Инсајт, заради тоа што оваа кола делува малку по старски. Делува фамилијарно, како и останатите моноволуменци. Останува да е фраерски потегот хибрид, но само толку.

Управувањето е меко и релаксирачко, како што е намената на самото возило. Менувачот е автоматски ЦВТ кој одлично се справува со моторот и електричниот погон. Не се забележува стартувањето и тргнувањето кои се често само од електрична природа, а бенизнецот се пали по потреба. Кога не се користи стои комплетно исклучен. Има и верзија на Приус која се полни на штекер, само не во моментов. Таа овозможува околу 15км возење без никакво палење на мотор, што е доволно да се прави секоја вечер како придодавка зе следниот ден. Употребата на електрично полнење е многу поефикасен начин на движење. Батериите брзо се полнат, ништо од тој муабет дека се потребни 50 саати, туку само еден ипол час. Секако сеуште стои на располагање бензинецот кој се грижи за движењето ако снема струја.
Одличен мод на работа е Б модот на менувачот во кој воопшто не се користи ножната кочница. Целосната сила на кочење се претвора во електрична енергија. Со други зборови потребна ви е само една педала за се. Кога ќе ја стиснете педалата за гас колата се движи, а кога ќе ја отпуштите кочи. Тоа не е некое нагло кочење, туку баш онакво какво се користи секојдневно при нормално возење. Одлично искуство. Секако тука е кочницата, ако е потребно да се застане брзо. Одличен начин на полнење на батериите, а во меѓувреме и олеснување на возењето.


Грешките кои повеќето ги прават во оваа кола е што ја возат на напнат начин со голема доза агресивност, за која таа не е предвидена. Идејата на возилото е да се опуштиш максимално и да се препуштиш на тишината и убавината наоколу.
Прекрасно!

Потрошувачката при моето возење се движеше околу 5,9 (Фокус 10л) литри во град, а со релаксирано возење во доцните вечерни часови низ градот Скопје уживав во тишината, а потрошувачката беше околу 3,9 (Фокус 7) литри. Просекот на сите изминати километри беше во рамките на 5 литри на 100км низ град (Фокус 1.6 - 9,5 литри).
Трошењето на гориво со оваа кола може да ви стане предизвик со кој ќе се забавувате, а и ќе заштедите некој денар на гориво. Потрошувачката возможно е да се сведе под 3 литри ако се има желба. :) Тојота и се е можно!



Одлично искуство, малку гломазно и скапо, но за секој по нешто. Истото во Јарис би имало повеќе логика. :)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Toyota Prius 3rd gen - Батерии на патот.
« Одговори #1 на: 04 Октомври 2011, 15:26:13 pm »
Браво за написов Дени, ако си го составил се разбира. Јас би го проширил со повеќе образложенија околу ентериерот и екстериерот, технички податоци и решенија, новитети и екслузивитети и по некој тест на забрзување.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Toyota Prius 3rd gen - Батерии на патот.
« Одговори #2 на: 04 Октомври 2011, 15:41:54 pm »
Фино изгледа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Toyota Prius 3rd gen - Батерии на патот.
« Одговори #3 на: 04 Октомври 2011, 15:53:47 pm »
Браво за написов Дени, ако си го составил се разбира. Јас би го проширил со повеќе образложенија околу ентериерот и екстериерот, технички податоци и решенија, новитети и екслузивитети и по некој тест на забрзување.
Licno moj e napisot, ke kazev da e prepisan. Slobodno prasaj sto te intersira. Fintata kaj kolava e pogonot i zatoa na toa se zadrzav, ostatokot e kako vo sekoja druga tojota. So zadovolstvo bi odgovoril ako bilo sto te (i drugite sekako) intersira. ;D