Автор Тема: Сензор за дожд, гел? *Решено*  (Прочитано 2082 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Сензор за дожд, гел? *Решено*
« на: 09 Март 2015, 13:05:30 pm »
Епа летото кога менував шофершајбна, во едел пром не го залепија сензорот со гел како што треба,
и сега автоматските светла си работат ама бришачите не.
Ништо страшно, ама сега имам опција само исклучени, бавно постојано, и брзо бришење.
Тоа со бришење на неколку секунди не работи оти е поврзано на автоматско, и кога возам кога роси, јас сум тајмерот.

Треба да изгледа вака:


а е вака со воздушни џебови и не го препознава дождот:


Да ми турат нов гел во Ред Ауто Битола ми рече така од ракав околу 800ден., што е поевтино од порачано од интернет
SensorTack H1, и сам не можам да си гарантирам дека ќе го наместам успешно, можеби кривата на стаклото е подруга и пак воздушни џебови да имам,

а најубаво е вака, од 3.21:


Сензорот е за Рено Меган и е ист ко на видеото од 3.21, а овој гелот со шприцот е поскап на интернет и е едно 2-3000-ки.
Е сега дали се продава кај нас ваков гел за поевтино сам да си го напрам или да си платам 800 денари?
Некоја идеја друга?
« Последно менување: 26 Март 2015, 14:08:35 pm Power to the people »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Сензор за дожд, гел?
« Одговори #1 на: 09 Март 2015, 13:25:45 pm »
Наједноставно, најефтино и најпаметно решение ти е да платиш 800 денари барем по мене.
А незнам зошто едноставно не се пожалиш во ЕДЕЛ Пром?
Мислам дека ке ти завршат работа...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Сензор за дожд, гел?
« Одговори #2 на: 09 Март 2015, 13:27:18 pm »
Мислам дека Едел пром даваа бајаги гаранција на сработеното. Јас би се обратил кај нив да сум на твое место


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Сензор за дожд, гел?
« Одговори #3 на: 09 Март 2015, 13:39:08 pm »
Работата е што веќе помина едно 9 месеци, а друго е што сум од Битола.

Искрено јас уште таму видов дека сензоро не е како што личеше пред тоа, ама не сакав на 80 степени загреана шофершајбна вода да му турам да видам дали ќе работи. (така ја пукнав прво)

Е сега со план сум Скопје да терам оваа сабота и убаво учтиво ќе му кажам, пошто нејќам да се натегам,
па ако сакаат да го средат арно, или пак можи и да не се во можност и гелот да доаѓа на шофершајбната, и сензорот само се лепи на него, што знам...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Сензор за дожд, гел?
« Одговори #4 на: 09 Март 2015, 13:41:00 pm »
A бе ти прашај си како што е редот, пожали им се, мислам дека нема да има проблем никаков и ке си завршиш работа со нив.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Сензор за дожд, гел?
« Одговори #5 на: 26 Март 2015, 14:07:56 pm »
Eпа вака сега, бев пред една недела до Едел пром, и му кажав на каса, вака и вака, вика сега ќе му кажам на еден мајстор ќе излези и ќе види што е проблемот.

Излегува еден, му кажувам, отвора и гледа тој прстенот што е залепен за стаклото што го држи сензорот е одлепен.
(моја претопставка премногу брзо го ставија сензорот и овој го тргнал назад прстенот недосушен)
Ме виде мераклија за колата, сакам се да ми работи, ми го залепе пак претпоставувам со таа смесата за шофершајбни што лепат, и ми изделка нов гел и го залепе за сензорот.
Гелот 600ден, ама беспари ми го даде(сечат тие од поголема плоча), и ми рече дома само ќе си го залепиш и ќе работи.

Така и направив и сега ми работи, е сега што ич нејќам јас вака како самоделско да личи, ама за беспари не можам да се бунам.






Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Сензор за дожд, гел? *Решено*
« Одговори #6 на: 26 Март 2015, 14:45:08 pm »
Битно ти работи све :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Сензор за дожд, гел? *Решено*
« Одговори #7 на: 26 Март 2015, 17:08:01 pm »
Абе кај најде сонце во Битола   :o ;D