Автор Тема: Вицови & Смешки  (Прочитано 979836 пати)

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3105 на: 16 Јануари 2013, 00:16:55 am »
Му вели бабата на домазетот:
-Зете расипано е казанчето, поправи го.
-Што ми е гајле, не е мое.
Наредниот ден:
-Зете расипана е кадата, среди ја.
-Што ми е гајле, не е моја.
Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден му вели:
-Зете, поправи го казанчето не чини.
-Што ти е гајле, не е твое.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3106 на: 16 Јануари 2013, 19:27:10 pm »
Пиленце ја прашува мајката кокошка:
-Мамо, мене штркот ли ме донесе?
-Да, само не кажувај му на татко ти!

Си доаѓа мажот дома, а жена му:
- Од што ти е крвава раката?
- Од солидарност.
- Е, како тоа од солидарност?- прашува жената.
- Па, така. Гледам, пред едно кафуле, тројца батки со боксови тепаат младо момче. Сакало да влезе кај што не му било место. И, што да чинам? Не можев, а да не се замешам.
- Па, што се случи со момчето?-љубопитна жената.
- Ништо, мамицата мамина му ја расплакавме.

- Што правиш?
- Еве бев кај доктор!
- И што ти кажа?
- 200 евра!
- Ма не тоа, туку што имаш?
- 50 евра!
- Ама, човече, те прашувам што ти фали?
- 150 евра!

Началник у полициску станицу на цајкани им напишаја на таблу:
Од вас тражу само едно, а тој су две ствари: работа, ред и дисциплина.

Отсутен Untak

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 305
  • sLowRider
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3107 на: 17 Јануари 2013, 00:04:53 am »
Уште овоа: Ја викале мече бидејќи така и било плишано.. ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3108 на: 17 Јануари 2013, 13:11:10 pm »

Рецепт за печено прасе:
 

Купете прасе.
 Мавнете една ракиичка.
 Ставете го прасето во рерна.
 Испијте уште две ракии.
 Пуштете го целзиусот на 220 степени.
 Испијте уште три ракии чашки.
 Вклучете ја рерната.
 Ракијајте уште 4 чашки.
 Смртете го красето.
 Ракијте уште шише едно.
 Пивото го полијте со прасе.
 Чашка уште сипај ракија една.
 Печете ја ракијата уште 2 часа.
 Извадете ја рерната од прасето.
 Оладете да се прасето почекајте.
 Земете ракија уште некоја една шача.
 Испрасете го сечето.
 Масирајте го на сервис.
 На јадење здравјето.


;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3109 на: 18 Јануари 2013, 09:50:23 am »
Што е разлика меѓу торта и жена?


















Во торта може да ставиш јајца.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3110 на: 19 Јануари 2013, 02:14:48 am »
Некој сообраќаец застанува рено 4 и му вика на возачот:
- 2000 ден казна !
- Зошто, што направив ?
- Па пет души сте во рено 4 !
- Па што ако сме пет души ???
- Не сум јас глуп, ова е рено 4 а не рено 5.
- Штооо ! Каде ви е шефот !
- Ене го се расправа со оние двајца со Голф 1!
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3111 на: 19 Јануари 2013, 02:36:20 am »
Кога на прилепчанец ке му  доку.чи  да му пишуваат на неговиот FB профил:





nemoj da mi pisuvate na zid.......... varosuvan mi e !!!

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3112 на: 19 Јануари 2013, 02:38:34 am »
 
 Школски другари  Се договориле Лисицата Волкот и Магарето да отворат фирма.

Лисицата рекла:
- Јас сум итра, ќе тркнам до министерства да средам со дозволи и веднаш се враќам.
Отишла лисицата и се вратила за пола час покосена - не успеала.
Тогаш волкот рекол:
- Јас сум страшен и сите ми се плашат, ќе тркнам и на брзина ќе ги добијам дозволите.
Кога ете го и волкот се враќа за еден час со свиткан опаш. И тој не успеал.

Тогаш магарето рекло, ај да пробам и јас.
Се враќа магарето за два часа целото среќно.
- Добив дозвола можеме да почнеме.
Лисицата и волкот со неверување го запрашале.
- Аман кажи како успеа кога ние ни со итрина ни со заплашување не успеавме.
А магарето им рекло:
- Одам јас во министерство, чукам на врата, кога таму сите мои школски другари...  

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3113 на: 19 Јануари 2013, 02:40:41 am »
НЕДОРАЗБИРАЊЕ:
Ја викаш комшиката на кафе. А таа го пие кафето и си оди.

Е тоа е недоразбирање



Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3114 на: 19 Јануари 2013, 02:43:30 am »
СИНЕ ДАЛИ СЕ ДРОГИРАШ?

Таткото разговара со синот:

- Сине дали се дрогираш?


- Ма не, од каде пак сега тоа? Кој ти кажа?
 
- Ми кажа пилето.
 
- Ма немој. Ти зборуваш со пилиња, а јас како демек се дрогирам?

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3115 на: 19 Јануари 2013, 02:44:59 am »
Трипл дабл постови :D  Немој ке те кара администрација :)

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3116 на: 19 Јануари 2013, 02:45:39 am »
ЧУДНО ДЕТЕ.

Млад брачен пар добил бебе.
 
Поминале 5 години, а детето ни збор да прозбори. Родителите многу се загрижиле нешто да не не е во ред со малото.
 
После неколку денови детето изговара ДЕДО... Следниот ден Дедово умира
Поминало извесно време а детето изговара БАБА ... И следниот ден бабата умрела.
 
Поминало пак некое време кога детево вика ТАТО, и сите по дома почнале да го оплакуваат таткото, да се спремаат за погреб, таткото легнал во ковчег и чека...
 
Кога во еден момент некој влегува во куќа и вика:
- Еј луѓе, умре комшијата

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3117 на: 19 Јануари 2013, 02:46:40 am »
Ok

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3118 на: 19 Јануари 2013, 02:49:05 am »
Иди на опција измени, и така можеш и откако ке напишеш пост, подоцна да го едитираш, да додаваш, одземаш текст ;)
Не ми смета мене немој да разбереш погрешно, али колку што знам правилото е да не се пишуваат едноподруго постови, затоа постои опцијата ''измени''.

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #3119 на: 19 Јануари 2013, 02:56:11 am »
ок е моја грешка,заборавив на правилата.фала за потсетувањето.