http://www.vest.com.mk/?ItemID=4AE58FEBF3F73149810E6AABA94CB6FFШТИПЈАНКА БАРАЛА ПОМОШ ОД АДВОКАТ
75-годишник ја исцрпувал со секс
Шеесет и петгодишната штипјанка го раскинала договорот за заеднички живот со 75-годишникот, оти не можела да издржи секс четири пати дневно
"Столе сакаше да водиме љубов секоја вечер, а многу често бараше и наутро, пред да замине на нивата. Секој ден прававме по четири тури. Тоа како да му беше некоја минимална норма. Тоа темпо не можев веќе да го издржам, па затоа избегав од него", му се пожалила 65-годишната штипјанка на својот адвокат, кој го пишувал договорот меѓу неа и 10 години постариот Столе од едно штипско село во Лакавичко.
Како што раскажува адвокатот Т. Д., еден од повозрасните адвокати во Штип, Столе бил вдовец, како и штипјанката. По повеќе години осамен живот, се случило двајцата да се сретнат и да се договорат да живеат заедно. Склучиле и писмен договор. Во договорот навеле дека за 1.000 евра, колку што Столе требало да $ даде на пријателката од градот, таа од понеделник до петок да биде кај него дома во селото и да му помага, а за викенд да си оди во Штип. Нејзина обврска, според договорот, била да ја чисти куќата, да пере, да готви и, ако затреба, да му помага и во други работи. Но долгата осаменост и на двајцата, кои многу одамна останале без брачните партнери, уште третата ноќ ги одвела в кревет.
При раскинувањето на договорот, кога биле сослушани двете странки, истрошената жена рекла: "Повеќе не можев", додека Столе рекол: "Мојата норма е 4 тури, но ако се согласи партнерката, можам и повеќе".
Според адвокатот, ова е трет ваков случај поради претерана љубов да биде раскинат договор меѓу две лица кои биле во поодминати години. Првиот се случил пред 20 години, а вториот полани кога двајца пензионери на возраст од 70 и 73 години живееле заедно само три месеци. И во тој случај мажот претерувал во љубовта. Но партнерката на Столе не издржала ниту два месеца.
Т. Јовановски