Автор Тема: fabia damage  (Прочитано 1406 пати)

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
fabia damage
« на: 08 Март 2015, 03:12:18 am »
dali e loso ili poloso?
predno desno trkalo
trgnav nekade,posle 1,2 km zabelezav zvukot i nalevo krug doma.ova se poslednite 500metri
http://youtu.be/SGMGm9XWSPo
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #1 на: 08 Март 2015, 03:25:06 am »
Вака прво што ми паѓа на памет е дека гребе некоја од плочките за кочење. Најверојатно е испадната од лежиште.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: fabia damage
« Одговори #2 на: 08 Март 2015, 05:27:05 am »
Mozno e plocka ili nekoja plastika (podkrilo ili sl..), zglob (ali toa I od predhodno ke si go imal vo predvid) ili poluosovina...Vaka od video mozime da nagagame mozni se poveke varijanti, treba da slezis od kola I da vidis dali nesto se gleda so golo oko ili ne.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: fabia damage
« Одговори #3 на: 08 Март 2015, 08:58:18 am »
Ништо страшно, што си се исплашил толку ебаго ...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: fabia damage
« Одговори #4 на: 08 Март 2015, 11:39:49 am »
dali e loso ili poloso?
predno desno trkalo
trgnav nekade,posle 1,2 km zabelezav zvukot i nalevo krug doma.ova se poslednite 500metri
http://youtu.be/SGMGm9XWSPo

не ке да е пластика некоја ова... нема да биде толку бучно. звукот се пренесува на шасија... значи можни се 4 работи:

-плочки
-зглоб
-лагер
-крстач на полуосовина

лагерот можеш сам да го провериш одма. дигни на дизалица, фати го со раце тркалото од горна страна и почни да го клатиш напред-назад ако клапа-мрда тогаш е лагер..ако не, тоа си го елиминирал.

плочките можеш да ги провериш така што ке извадиш тркало на дизалица секако кренато, смотај полн десен и визуелно ке ги прегледаш, дали се на место и од напред и од позади...  ако се е ок, и тоа си го елиминирал. кога веке си со извадено тркало и на дизалица, провери ги и манжетните на зглоб и на полуосовина кај што влага во менувач. ако има некоја скинато и измрсено наоколу тогаш нај веројатно таму кај што е скината, таму е проблемот. скината е подолго време, периодов е дождлив, маста излегла, вода има влезено и оштетено на делот...

не тврдам ништо од ова дека е 100% така, туку само ти посочувам што ти можеш да направиш за да отприлика дознаеш што е проблемот.. секако, идењето на мајстор не ти бега...

меѓутоа... ова е предпоставка дека мобилниот малку има секвенти на лошо снимање... за овие дефекти што ги пишав погоре звукот би требало да биде во континуитет, без престан. значи постојано да звучи... на клипов се слуша како испрекинато и како да сецка... затоа и реков дека веројатно мобилниот не снима добро... ако сепак звукот е баш таков, со сецкање, тогаш можно е и да биде стабилизатор или амортизер...

како што реков, мајстор ке ти каже... а ти после кажи тука што било..

едит.. уште една работа ми текна...

ај провери штрафовите на тркалото дали се стегнати? да не му се свиѓале на некој бандажите твои, па пробал да ги мавне, ама бил прекинат... вака може да звучи и лабав бандаж...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: fabia damage
« Одговори #5 на: 08 Март 2015, 17:03:46 pm »
bidejki dedoto ja odrzaval kolata do 45000km,plocki ne se smeneti.pa kje ide na servis za proverka na zvukot i smena na plocki
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020