Случајните минувачи на една улица во Њујорк гледале во шок како полицаецот пукал во кучето кое го чувало својот сопственик кој се онесвестил на улица.
Кучето стоело покрај својот спственик кога полицаецот се обидел да се доближи, а кучето се свртело и тргнало кон него и полицаецот испукал два куршуми.
Минувачите подоцна раскажале како виделе маж кој очигледно на улица доживеал напад и се онесвестил. Тогаш полицајците пробале да му се доближат, но кучето се плашело и не им дозволувало да се приближат.
"Тогаш полицаецот извлече пиштол и пукаше во кучето, а од улицата се слушна како некој довикна: Како можевте да го направите тоа?!", рекол еден од очевидците.
Кучето за среќа преживеало и сега се наоѓа кај ветеринар. Неговиот сопственик сеуште не е идентификуван, но очевидците рекле дека се работи за скитник од Полска кој често се шетал со кучето во тој дел од градот.