Стратро, терба секогаш да има свежа вода и просо како примарна храна.
Секундарно но веројатно уште поважно е да има сипина коска (ефтина е, се продава во продавниците за д животни), да има кутивче со ситен специјален песок (птиците не можат да ја варат храната без песок) и најважно многу свеж зеленчук и овошје, како морков, зелка, марула, краставица, тиквичка, лубеница, кајсија, јаболка и слично.
И најбитната работа е да не седи на промаја и директна изложеност на сонце.
Друго, можеш да обезбедиш „гаќи за кафез“ (се навртуваат окулу дното на кафезот) за да не летаат лушпите од просото и малите пердувчиња што му паѓаат секојдневно за да не ти прави ѓубре. Ќе треба да му оставиш недел дена за привиклнување на луѓето, кафезот, собата и сигурен сум дека ќе се вдоми сосем океј.
Исто да внимаваш да не го докачи некоја мачка, а уштеповажно тоа самото да не гледа како му се шуњаат мачки наокулу. Се плашат многу од мачки и умираат од срцев удар ако долго време гледааш мачка како им се шета во близина.
Папагалчето е младо или старо? Кожинката над клунот кај што му е носот, дали е мазна и синкава боја или е рапава и сива боја?