Автор Тема: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!  (Прочитано 2326 пати)

Отсутен Petrus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
  • Стара кола и млада жена бараат многу работа!
Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« на: 20 Февруари 2015, 08:34:53 am »
Здраво на сите!
Сакам за мојатa Fiat Brava 1.9TD да купам половни пневматици (гуми) Kormoran 175 65 R14 82H, затоа потребен ми е совет околу овие гуми.
Кој ги произведува, кои карактеристики ги имаат, колку километража може со нив да се помине итн,.... ???
Благодарам,
« Последно менување: 20 Февруари 2015, 11:18:37 am Petrus »
Мала кола бара помалку фрлање пари во бунар!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #1 на: 20 Февруари 2015, 08:47:32 am »
Ова ти се малтене Тигар, и се под капата на МИшелин. СО тоа што се нискобуџетни гуми.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #2 на: 20 Февруари 2015, 08:47:54 am »
Која цена ти ги даваат?

Отсутен Petrus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
  • Стара кола и млада жена бараат многу работа!
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #3 на: 20 Февруари 2015, 11:14:48 am »
Која цена ти ги даваат?
50 Evra!  ::)
Напомена: Пневматиците (гумите) се летни половни со висина на шарата од околу 6mm,...
Со поминати 27000км, со датум на производство 07.2010г.
П.С.
Некои човеци незнаат што се пневматици,...
направете ТЕСТ па ќе се уверите?! ???  ::)
« Последно менување: 20 Февруари 2015, 11:23:20 am Petrus »
Мала кола бара помалку фрлање пари во бунар!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #4 на: 20 Февруари 2015, 11:18:33 am »
Знаеме што се пневматици (гуми) не мора да потенцираш :)

Чим се половни, прашај колку имаат поминато, и обавезно провери датум на производство.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #5 на: 20 Февруари 2015, 11:28:29 am »
Здраво на сите!
Сакам за мојатa Fiat Brava 1.9TD да купам пнематици (гуми) Kormoran 175 65 R14 82H, затоа потребен ми е совет околу овие гуми.
Кој ги произведува, кои карактеристики ги имаат, колку километража може со нив да се помине итн,.... ???
Благодарам,
Koја ознака "runpro b" ili "runpro b2" ? Кога ја земав колата пред година и нешто напред имав нови гуми сменети или тука или во Италија пред продажба .Кога видов дека се Корморан си викам  бргу ќе ги мењам не ја бива оваа марка ама со тек на возење видов дека гумите се супер многу добро држат на суво и влажно , предходно на роверот што го имав возев мишелин енерџи и не гледам некоја разлика со овие .....Кај мене се runpro b ознака http://www.oponeo.pl/model-opony/kormoran-runpro-b .И за орентација  колата има поминато со нив околу 20.000 КМ и гумите се на пола истрошени , ова ти што викаш 27.000 км со толкава шара незнам провери си ......

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #6 на: 20 Февруари 2015, 12:07:50 pm »
Другарче, овие се извозени и изедени бајаги, дали 3 мм шара преку сила, башка и имаат по некоја пукнатина. Јас не би ги купил а ти како сакаш ;) За 50 евра таа димензија се наоѓа подобар бренд и гуми у подобра состојба.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #7 на: 20 Февруари 2015, 12:25:17 pm »
Српски гуми... 2 вакви имав на Фелицијата кога ја зедов. Слични на Сава ефекта се и по шара и по својства.
Кратко кажано... 6мм се доволно, ама се стари. Просек 6 години има гумата пред да почни да окрутува и да се чуручи. Не значи дека е правило, сум возел мишелини и тигарки стари 25 години и уште немаат ниедна пуканица, така да немој да се ориентираш само според тоа... А и не се ориентирај според марка и километража, зависи и од други фактори.

Вака ти иди по 700 денари парче, моја препорака ти е да ГИ ЗЕМИШ... 1-2 сезони да те возат тие ќе си ги отплатат парите!

Александер, кај виде пукнатини? Оти јас неможам да видам...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #8 на: 20 Февруари 2015, 17:26:32 pm »
Не верувам дека има пукнатини туку мека гума е проовери си од монтажа демонтажа нешто да не е оштетена и земај ги ќе ги поизвозиш уште некое време ......

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #9 на: 20 Февруари 2015, 21:14:30 pm »
50-60 илјади км поминуваат ако се возат домакински, не се лоши гуми

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #10 на: 20 Февруари 2015, 23:08:22 pm »
До сека повеќе од 35-40 илјади километри немаат ме издржано гуми

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2015, 23:10:11 pm »
Многу со гас тргнуваш сигурно, и зависи од димензија

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Корморан пневматици 175 65 R14 82H - коментар?!
« Одговори #12 на: 20 Февруари 2015, 23:12:10 pm »
Александер, кај виде пукнатини? Оти јас неможам да видам...
Океј, не мислев буквално пукнатини. На сликава ми се гледаат прилично оштетени со резови. Сакам да кажам дека за 50 еу ќе најде подобар бренд и подобри гуми во подобра состојба.