Автор Тема: Нов сајт за огласи  (Прочитано 2105 пати)

Отсутен Senshi

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Нов сајт за огласи
« на: 08 Март 2015, 21:59:46 pm »
Здраво на сите пошто сум нов на форумот.

Сакам да ви представам еден нов сајт за огласи во Македонија.
Тоа е сајтот www.superoglasi.mk
Огласувањето е бесплатно.
Во овој период работиме на додавање на дополнителни полиња кога се во прашањата автомобилите така да се надеваме дека
скоро ќе го завршиме и тоа.
Доколку имате некои идеи за сајтот,критики и били што друго,слободно ни пишете.
Поздрав.

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Нов сајт за огласи
« Одговори #1 на: 09 Март 2015, 01:18:51 am »
Малку сметаат рекламите, сепак е нов сајт би ти препорачал да ги тргнеш додека се разработи веб страната. Исто така би препорачал да го преведете сајтот на македонски јазик пред да почнете со било каква реклама и малку да се потсреди со поубав дизајн, на пример полето лево со категории да се истакне некако поубаво и да се среди делот со огласите кои што се 4 во една линија на почетната страна малку ми е непрегледен тој дел. Ова е моето мислење за страната.

Ти посакувам успех со сајтот!

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Нов сајт за огласи
« Одговори #2 на: 09 Март 2015, 01:33:55 am »
Па сајтов не е така нов, познат ми е од некаде... бар од пред неколку месеци... нема везе, како и да е, дај преведете, вака делува недоправен. Иначе брзината е ОК, малце превише реклами, одлична брзина, не ми се свиѓа листањето на сликите и има само еден ајпод за продажна а и на тој не ми одговара цената :D


Edit: Зашто е неопходно да ја знае мојата точна адреса за да се регистрирам? Зашто да мора да се регистрирам за да пратам порака некому, кога може само да оставам мејл? Многу од огласите се прилично лоши со опис (продавам диск! фак).

П.С. Стварно дајте некаков поинаков преглед на сликите
« Последно менување: 09 Март 2015, 01:43:31 am Dodo »

Отсутен Senshi

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Нов сајт за огласи
« Одговори #3 на: 11 Март 2015, 11:33:06 am »
Малку сметаат рекламите, сепак е нов сајт би ти препорачал да ги тргнеш додека се разработи веб страната. Исто така би препорачал да го преведете сајтот на македонски јазик пред да почнете со било каква реклама и малку да се потсреди со поубав дизајн, на пример полето лево со категории да се истакне некако поубаво и да се среди делот со огласите кои што се 4 во една линија на почетната страна малку ми е непрегледен тој дел. Ова е моето мислење за страната.

Ти посакувам успех со сајтот!

Ке се преведе целиот сајт наскоро на Македонски јазик.Ти благодарам за останатите предлози.

Па сајтов не е така нов, познат ми е од некаде... бар од пред неколку месеци... нема везе, како и да е, дај преведете, вака делува недоправен. Иначе брзината е ОК, малце превише реклами, одлична брзина, не ми се свиѓа листањето на сликите и има само еден ајпод за продажна а и на тој не ми одговара цената :D


Edit: Зашто е неопходно да ја знае мојата точна адреса за да се регистрирам? Зашто да мора да се регистрирам за да пратам порака некому, кога може само да оставам мејл? Многу од огласите се прилично лоши со опис (продавам диск! фак).

П.С. Стварно дајте некаков поинаков преглед на сликите

Листањето на слики е автоматски али ако кликнеш на сликата ќе ја отвори во поголем формат и сам ќе можеш да ги листаш ;).Инаку мора да се регистрираш зошто имаме внатрешен систем на пораки сличен како оној на Фејсбук.Во однос на описот на огласот,не одговараме ние
туку нели огласувачите кои ги ставиле огласите а инаку планираме додавање на дополнителни полиња за огласите како што се
автомобили,некретнини,телефони,компјутери итн.Ти благодарам за предлозите.




Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Нов сајт за огласи
« Одговори #4 на: 11 Март 2015, 16:57:01 pm »
Еден совет од моја страна...
Никогаш немојте да пуштате сајт во употреба ако истиот не е 100% завршен.
Значи треба да се преведе сајтот.. Да се преправи според потребите и желбите на сопствениците, да се додадат категории и подкатегории за полесно снаоѓање...
Исто така нема да е лошо да се направи прво пробно тестирање од неколку луѓе кои ќе дадат свое мислење па после тоа да се пушти сајтот...
А ова вака не ми личи на сериозен сајт за огласување кој би ми помогнал побрзо да го продадам она што го продавам.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
Одг: Нов сајт за огласи
« Одговори #5 на: 11 Март 2015, 18:04:00 pm »
Ми се допаѓа ова со број на прегледи. Ептен кажува за вкусовите на македонските wheeler dealers :) :) све се Golf и Mercedes E220 CDI :D

Се друго е ирелевантно.

Отсутен Senshi

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Нов сајт за огласи
« Одговори #6 на: 14 Март 2015, 03:59:38 am »
Еден совет од моја страна...
Никогаш немојте да пуштате сајт во употреба ако истиот не е 100% завршен.
Значи треба да се преведе сајтот.. Да се преправи според потребите и желбите на сопствениците, да се додадат категории и подкатегории за полесно снаоѓање...
Исто така нема да е лошо да се направи прво пробно тестирање од неколку луѓе кои ќе дадат свое мислење па после тоа да се пушти сајтот...
А ова вака не ми личи на сериозен сајт за огласување кој би ми помогнал побрзо да го продадам она што го продавам.

Морам да кажам дека критиката ти е на место,али ете побрзавме и сега нема враќање назад.