Убаво Џо, само и јас и се радував на кожата кога ја купив, ама сеа преку лето-не баш Сонакс средство имаш за кожа околу 430 денари е. Се гледа дека не била мачкана кожата со ништо бајаги време
Фала Владе .. преку лето повеке сум на скутер кола само по потреба и на вечер немам проблем со тоа .. Е сеа за сонаксов, читав не бил нешо посебно, по препорака на ТЕЕН ги исчистив топ, па ги мачкав со некое средстов Ердал Германско за кожа, али тиња е, поубаво да не пипав со тоа ..
Освен сонакс пробал ли некој друга тематика?
Џо, сеа не знам... дали си заинтересиран сеуште... ама во Скопје, пред... 2-3-4 години се појави Поло, исто како твоето со ставен мотор од Голф4/Леон со 150 кс
Полото, не идеше... полото леташе... Мислам беше бело, или сиво како твоето, и позади пишуваше SDI , не сум сигурен... мислам тогаш тоа поло го правеше Тони од Железара...
Види распрашај се, не е лоша комбинација, ке ти лета колата... а ке ти троши исто колку сеа Мислам на времето, коа се појави полово тој краток период, побрз од него беше само Чонгур
Знам Рики што би било, и како било со тој мотор ..
Али ако се има финансии, би го земал моторот на колега, 20тфси, 200кс, и убацувам, и точка. Али треба да се собира уште мед за тоа
Или евентуално, вадам се, штикам, носам друго 1.9тди 131кс, или гти, и така
Јас тврдам дека синтетичките тапацири на колите повеќе потат од кожа! Кожата има два проблеми, едниот е се вжежува (црната кожа) во лето, а во зима е кочан ладна. Среќа што брзо се лади или доведува во нормална состојба, за разлика од синтетиката која „држи“ топло. Проблемот е во периодот додека да се „унормални“ температурата. Додека при нормална внатрешна температура во кола може да излезеш со испотен грб од синтетичко седиште, тоа многу тешко ќе ти се случи со кожа! Единствено ако не носиш маица, и гол се стаиш на истата
За „зимскиот“ проблем е полесно решливо - палиш греачи на седишта и немаш гајле
Нема гајле, и за одржување се полесни, за лето не е така лошо, оти возам само навечер, или екстремна потреба, плус пазам сенка ова она .. Фала богу климата бучи
Е сеа за греачи .. татнеж
Od sto kola ser sedistava!!?!?
Од поло .. да ти шитнам комфортлајн седала сакаш?
Ајде уште воланчето ....
Се чека на колега со Голфче ке га биде и тва, а у мегу време кожа на рачна ке стаиме, страниците понатака .. евентуално мењачот од црна кожа ..