Интересно, иако Renault во моментов е препознатлив со одличните dCi мотори, најголема надеж се влева во новиот четирицилиндричен турбо бензинец, како прв претставник на фамилијата TCe, за кои анализите говорат дека до 2015 ќе бидат вградувани во 85% од продадените Renault бензинци во Европа.
Energy TCe 115 ќе почне да се вградува во Megane и Scenic веќе во првата половина на 2012-та, а од 2013-та и во Kangoo, за постепено целосно да го замени постојниот 1,6 16V мотор од 110 КС. Тој е четирицилиндарски мотор со алуминиумски блок, кој зафаќа 1198 cm³ и има директно вбризгување на гориво во цилиндрите систем на варијабилно доставување на вентилите- VVT. Максималната сила е 115 КС, максимален вртежен момент 190 Nm, кој е достапен при 1.750 вртежи/минута.
Вредно е да се истакне дека 90% од максималниот вртежен момент е достапен веќе од 1.500 вртежи/минута. За односот сила/зафатнина истакнуваме дека е 100КС на литар зафатнина, а притоа се најавува дека потрошувачката ќе се намали за 1,5литри/100км во однос на претходниот мотор.
За намалената потрошувачка се одговорни системот на директно вбризгување на гориво во цилиндрите, системот на варијабилно отворање на вентилите и разводниот ланец со хидрауличен затегнувач, како и варијабилната пумпа за моторно масло,која го регулира притисокот на истото, во зависност од тоа како се користи моторот. За севкупиот учинок придонесува и ажурниот Stop&Start систем, кој благодарение на системот за автоматски мониторинг на положбата на клипот го вбризгува горивото во идеален момент и многу брзо го започнува работењето на моторот.
За крај, и најава за моторот TCe 90, кој развива 90 КС, интересно од своите 900 cm³.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=2014