Никој не е свесен дека во таа кола има толку многу. Се надевам не е моделот без команди на волан и седишта од штоф. И се надевам има "Bose" и сензори за дожд!
За бензинците не знам многу да кажам за жал. Тоа не значи дека не чинат!
Знам дека имаа некој 2,0 турбаш со 20 вентила кој што верувам ќе праи џиизз

1,6 мислам дека ќе ти притрошува од причина што генерациски е постар а и Либрата е потешка кола... 1,8 му беше некој 140кс. Би го избегнал аутоматикот.
Одржување...
2,4јтд има ист сет ремени и затегачи со 1,9 по иста цена. Верувам тука е и 1,6 што во превод би дошло "Dayco" 4800 денари. +1000 денари ако сакаш да поодбереш некој бренд.
Стандард течности, јас ставам Ликви моли уље, филтер за уље Хенгст 500 денари, филтер за нафта Хенгст 800 денари, Филтер за воздух Хенгст 850 денари само мојот е цилиндер како камионски, средна класа плочки за дискови се 2500 денари напред и 2000 денари за назад. Има и за 800 денари а има и од 100+ евра нормално. кај мене на 2,4 се гасни амортизери, во Автомобил ми ги наполнија за 8000 денаери сите 4. Јас за 2,4јтд сетот ламела Лук / Валео го платив 13,500 денари + 1Л уље у мењач, рачунај за 1,6 би требало да е поевтина. Не се базирај по цениве кај нашиве дилери кои патем се продавници за резервни делови а имаат се освен резервни делови. Бетер брука се од македонскиве новинари. Стабилизатор ти е од 500 денара нагоре. Има само една долна виљушка и кај комшиите кошта 4500 денари TRW (нема горна како на алфата). Не се исти деловите од подвозјето со алфа 156. Има и некоја кратка спона. Кај мене има и назад балансштангла или како и да се вика а и мислам дека и назад има стабилизатори. Малку високо седење, не е крута но држи...
Ќе ја земеш по цена за Корса од 1992г, ќе уживаш во КОЛА а и во фаците на другите кога ќе му текне дека само јаделе лања!
Ако нешто сакате реално да ви дообјаснам или сакате во живо, повелете во Кавадарци, со задоволство ќе ви ја презентирам.
Среќно!