Дечки, помагајте.
Татко ми има Опел Астра Г од 2002 година.
Модел Спорт, со 2 врати.
Има 16ки бандажи со ептен тресене гуми димензија 205/50 р16. Ова се бандажите.
Мака мачам да најдам ефтини гуми. Колата се вози и низ селски пат.
Татко ми назад стави 205/55 р16 и си тераат ок. Он ретко вози патници назад, па не се ни приметува да закачаат.
Кога ги ставив тие бандажи напред, гумите закачаа, особено при вртење на полн волан.
Па лани земав некој Саилун кинески 205/50 р16, 2 гуми само за напред, адно ама татко ми ја пукна едната 2-3 пати, и на вулканизер му ja фрлија, и моментано вози една од старите, која е од 2012 година.
Барам, но никако да најдам 205/50 р16 гуми низ Мк, Зимска или Гума за сите сезони, не Летна. Само мишелин наоѓам, ама не можам да дадам 11.000 ден за гума.
Да скратам, ми трема малце помош, ако некој знае и умее.
1. Да не знае некој каде можам да најдам Зимска или Гума за сите сезони (не летна) во Мк ? или Странство ? или некој да продава ?
2. Дали можам да ставам друга димензија, 195/50 р16 или 195/55 р16 а да не ги сјебам бандажите ?
Секоја помош е добредојдена.