Ми се појавува некој глуп проблем со температура на мотор. Неколку пати кога излегувам на автопат температурата оди над 90 и се појавува на екран предупредување, успорувам и се враќа назад на 90 и нема гајле после тоа за цело возење. Проблемот е секогаш кога колата е под 90 и ке излезам на автопат. Читав по интернет и доста пријавуваат ист проблем со некој електро вентил што блокира вода да циркулира до 90 и после тоа треба да го отвори ама не го отвара на прва, веројатно се заглавува. Ако е колата 90 пред да излезам на автопат не се појавува ништо. Се работи за VW Passat 2.0 tdi 150 2017 со 90к пројдено.
Некоја препорака за мајстор да провери и среди ?