Тебе Влатче, пошто не си компјутерски ентузијаст upgrade path-от треба да ти биде согласно со твоите потреби. Твоите потреби во моментов се броусање низ интернет и некој лесен гејминг односно Counter-strike. Ради буџет не ставивме 4Gb рам, ама ако ставиме уште 2 ќе имаш 4 и ќе имаш dual channel што ќе ја поправи ситуацијата но само малку. Пошто onboard графичката на Haswell целеронот не ти е доволна за Кантер, ќе ти треба минимална графичка картица како оние за кои разговаравме (GF520/620 ќе му заврши работа). За да се убрза броусањето и целокупната општа брзина на цела машина ќе ти треба SSD. Тоа би требало да ти биде трета компонента за надградба и најбитната компонента во целиот систем. Кога ќе ставиме SSD + 4Gb RAM, тогаш тесно грло ќе ти биде процесорот но тој веќе е толку моќен што машината ќе работи брзо колку што не можеш да си замислиш во моментов. И тоа би било се тебе што ти треба.
Е сега, ако утре решиш да го оставиш Канерот и да одиш на појаки игри како Battlefield или FarCry ќе треба да додадеш уште 4Gb RAM, да ставиш i3 процесор и да ставиш сериозно подобра графичка, што би те коштало од прилика уште 2000+6000+6000 денари минус некои 4000 денари за откуп на оние компоненти кои веќе ги имаш. Ако не отидеш по таа патека од аспект на перформанси, овој компјутер ќе те служи без проблем во наредните најмалку 5-6 години ако не и повеќе зошто целосно ќе биде способен за одлично да вози Windows 10, секако под услов да си се држиш до Кантер страјкот од аспект на гејминг