Нека ти е честито колата, да поминеш многу безгрижни километри и да не заборавиш да ја презентираш во возила на членови.
Најдобро извади си пробни таблици, коштаат околу 1200-1300 денари, а казната ако те фатат е од 300 евра за физичко лице или 500 евра ако гласи на фирма.
Во салонот кажи им да ти проверат каде на лагер имаат пробни таблици за да не губиш време, мислам оти до 14 часот работат. А рачунај оти во салонот ке изгубиш околу еден до два часа, во потпишување на документи, презентација и објаснување на разни работи околу колата. Така да они имаат контакти и додека ја завршиш во салонот, ќе ја имаш и таа информација.
И јас мислев дека е толку слушајки од муабети но пред месец дена фатија точно 2800 денара таблиците. Прашајте убаво.
Пред една година за астрата ме коштаа едно 1200-1300 денари за 5 дена. Ако зедеш за повеќе сигурно дека ке те коша и повеќе.
Ако не е нова кола мора да помине и технички преглед, тогаш така ми кажаа.