Од опрема има следното
1. Спорт пакет на опрема (мислам 6 воздушни), ABS, ESP, ASR (Traction Control), фабричко озвучување Blaupunkt со 6 звучници (2 напред, 2 назад и 2 високотонци), клима, спортски седишта, спортско подвозје (3цм пониско од обично Гранде Пунто), кожен волан, менувач и рачна, магленки, 2 борд компјутери, 17ки бандаши со 205/45/17 гуми итн...цел оглас за на пазар 3 напишав

2. Ако мислиш на проблемот со друк лагерот, засега не, тој звук де се јавува де го нема и е само во лер, не пречи воопшто при нормална работа на колата, ако некогаш дојди до промена на сет ламела, потисна, тогаш оди и тој.
3. Вредноста на колата беше 7К евра, имав старо пунто (2000 год) и во трампа со доплата од 4К го зедов ова.
Со се што нуди колата јас сум презадоволен едино би сакал повеќе снага...едно 150 коња + на ова што го има, кое за нормален човек е доволно. Фиат вака Фиат така, две сум ги имал досега, фала богу се било во ред и со едното и со другото.

Планирам да:
1. Ги заменам фабричките 17ки со ОZ Ultraleggera, полесно тркало, подобри перформанси, подобар комфор во возење, помала потрошувачка
2. Чип + панелен филтер
3. Затемнување (фолии на задните стакла)
4. Хенон 4300К или 5000К
5. Eibach Pro Kit спирали, но од снегот, улиците и патиштата низ мк, и тоа што и вака како што е фаќа на места каде што според мене нормално се врви, во ставам најдолу во листата на приоритети.
Се ова погоре, само да се има пари.
