Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Популарниот американски сајт за сатирични вести „The Onion“ соопшти дека специјално жири од овој медиум ја доделува наградата „Сатиричен настап на годината“ на македонскиот шеф на државата Ѓорге Иванов.Во соопштениото на „Онион“ се наведува дека наградата следи по настапот на Иванов пред студентите на „Јеил универзитетот“ каде тој, помеѓу другото, изјави дека „македонските студенти остануваат во својата земја заради стабилната економија“.-Воодушевени сме од сатиричните настапи на Иванов, се вели во одлуката на „Онион“. Комбинацијата на досетливост, луцидност и креативност, остава особено силен впечаток врз публиката и сите фанови на сатиричните вести и содржини. Посебно значење во сатиричните настапи на господинот Иванов има храброста со која тој ги изведува од мошне одговорната позиција на претседател на држава.Наградата на Иванов ќе му биде доделена пред неговoто заминување од САД каде тој престојува за годишното собрание на Обединетите нации, a одборот на „Онион“ очекува со Иванов, како што велат, да свртат и едно оро.
http://thedailyshow.cc.com/videos/8q3nmm/burn-noticed?xrs=synd_facebook_092314_tds_60