Автор Тема: Промена на ребраст каиш + водна пумпа  (Прочитано 12338 пати)

Отсутен Masinov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Здраво дечки, едно кратко прашање.
Не успеав да најдам конкретен одговор на форумов, па затоа ќе прашам.

Дали задолжително мора да се смени водна пумпа при промена на ребраст каиш и затегачи ?

Возам Форд Фокус 1.6 TDCI, 2005 година.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #1 на: 18 Јуни 2013, 15:51:30 pm »
Колку што знам, не е задолжително. Можеш превентивно, чисто колку за мирна глава.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #2 на: 18 Јуни 2013, 15:52:28 pm »
Можеби во моментот е добра, но за брзо време да попушти, па операцијата со ребрастиот да се повтори,што значи работна рака x2,на тебе е одлуката...

Отсутен Masinov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #3 на: 18 Јуни 2013, 15:55:54 pm »
А во случај да откаже водната пумпа (ако на пример сменам само ребраст а не водна пумпа) дали може да го оштети ребрастиот каиш, па да треба тој повторно да се менува?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #4 на: 18 Јуни 2013, 15:58:22 pm »
Маршер заборави да каже и трошок шлепање до сервис.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #5 на: 19 Јуни 2013, 01:38:27 am »
А во случај да откаже водната пумпа (ако на пример сменам само ребраст а не водна пумпа) дали може да го оштети ребрастиот каиш, па да треба тој повторно да се менува?

во ретки ситуации блокира пумпата, ама стварно ретки, но се дешава... ако ти заблокира пумпа, се кине ребрастиот и ајт на здравје отварње мотор... нај често кога пумпа се расипува, тогаш протекува...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Masinov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #6 на: 19 Јуни 2013, 08:57:31 am »
А во случај да откаже водната пумпа (ако на пример сменам само ребраст а не водна пумпа) дали може да го оштети ребрастиот каиш, па да треба тој повторно да се менува?

во ретки ситуации блокира пумпата, ама стварно ретки, но се дешава... ако ти заблокира пумпа, се кине ребрастиот и ајт на здравје отварње мотор... нај често кога пумпа се расипува, тогаш протекува...

А ако протече, тоа се поправа не се менува ?
Или сепак најпаметно е цел сет да сменам?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #7 на: 19 Јуни 2013, 17:46:31 pm »
ако протече ќе мениш пумпа. ја менува ако е за менување, ако не  е не ја менува. мојата е околу 1500. Подобро кај што ќе ја менуваш нека ја проверат. ако е ефтина, ако ти се исплака мени ја раат ќе си, сепак прашај кај што е мењаш.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #8 на: 19 Јуни 2013, 19:56:25 pm »
Да речеме дека работна рака за зафатот ти е 2500 - 3000 ден. Сетот веројатно ќе биде околу 6000-7000. Водна пумапа  1500- 2000.

Најмалиот ризик е да протече пумпата, да не прегрее моторот и ти одма да приметиш. Во реланоста ретко заглавува но и ретко одма откриваш. Обично веќе има дополнтелен проблем.

Обично визуелните прегледи и оние тестови колку ќе заврти кажуваат само кава е моменталната состојба.  Ене ја јас во гаража имам една таква. Ама не би ја вратил назад оти на циклус од 60 - 75 kkm колку е претпоставениот век на каишот цената на пумпата не влијае на сериозно зголемување на вкупиот трошок. Од друга страна ризикот од нејзино расипување сериозно влијае на трошокот за поправка.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #9 на: 19 Јуни 2013, 22:48:28 pm »
ako se tie matematikite poarno meni ja... sekako nakaj 100-150kkm sigurno ke otkaze. Inaku se primetuva ako kapi, t.e. ako trozi antifriz.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #10 на: 19 Јуни 2013, 23:53:43 pm »
На ладата ми отиде водната пумпа ми протече на стоење на семафори, кога се дигна една голема пареа викам се запаливме на прв поглед. Од памет се извадив.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #11 на: 20 Јуни 2013, 00:54:47 am »
ako se tie matematikite poarno meni ja... sekako nakaj 100-150kkm sigurno ke otkaze. Inaku se primetuva ako kapi, t.e. ako trozi antifriz.

Ако си ко мене, седни вози не гледај, ќе приметиш кога ќе се накапи доста.

Отсутен markokogoj

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
  • Seat Ibiza 1.9 TDI
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #12 на: 29 Октомври 2014, 10:58:35 am »
Дали кај сеат ибица 1.9 тди 66kW водната пумпа е погонета од ребрастиот каиш, односно сакам да си разјаснам дали да ја сменам и пумпата заедно со ребрастиот бидејќи пумпата е во ред, не пушта нигде.

поздрав

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Промена на ребраст каиш + водна пумпа
« Одговори #13 на: 29 Октомври 2014, 15:06:10 pm »
Препорачливо е на големиот сервис да ја смениш и водната пумпа. Колку што се сеќавам, да, погонета е од ребрастиот ремен.