за затнати канали или ладњаче (ок, радијаторче неке биде) чарето е тоа, сода бикарбона и ако имаш мжност капни му 4 капачиња есенција... се што има бигор, каменец, маснотии, ке исчисти... но, тоа е процес од 2-3 дена...сепак не поише од тој период. значи единствено треба да имаш вода а не антифриз.
и да.. имаш проблем со протокот... ако ова не го реши проблемот тогаш имаш проблем со пумпа и послаб проток...
ми текна уште нешто.. плин имаш? ако да, си имал ли проблм со замрзнување на расплињачата па на сервис да ти го средиле проблемот?
онак колата е со плин убаво си запамтил ама до сега мрзнење на расплињача никогаш не сум имал - протокот си бил секогаш во ред, лани го сменив казанчето за парно затоа што ми течеше од кај него и си ставив ново.
планирам да му ставам 4 5 кафени лажички сода бикарбона и така да продолжам да ја возам ама ме збуни сега ти со водава.... што значеше тоа што ми рече дека треба да има вода - после 2 3 дена треба да ја испуштам цела течност или нема да му пречи и да возам со растворената сода???
значи.. сода бикарбона се става ВО ВОДА а не во антифриз... тоа сакав да кажам... антифризот е базичен (нај често), содата е киселина. и да е неутрален, едно со друго се поништуваат т.е. антифризот со неговите адитиви во себе нема да и дозволи на содата да нагризе, туку ке ја изнеутрализира... и нема да имаш никаков ефект.
значи испушти антифризот (нормално ке го собереш, бидејки ке ти треба попосле, зашто нов да купуваш нели), стави вода обична (ако сакаш за поубав ефект стави дестилирана вода) па тури сода бикарбона околу 40-50 грама не повеке од 60 грама... види ги кесичките од колку грама се што ги купуваш, во принцип по 20 грама е една, значи не повеке од 3 такви кесички... вози неколку дена со тоа, не повеке од 4. последниот ден, на загреан мотор, во казанчето сипни пола шишенце есенција.. тоа е оцетна киселина во мали пакувања, служи за правење туршија. ја има по маркетиве за цена од околу 30-40 денари мало шишенце-пластично...
значи на загреан но изгасен мотор, сипни пола шише, иди повози се низ град околу пола саат, дојди до месо кај што треба да испушташ, увери се дека ке се запали перката на хладњакот барем 2-3 пати тоа ке ти потрае дополнителни 15-тина минути (успат провери дали се решил проблемот со парното) и без одложување испуштај ја водата додека е топла (немора врела ама да е што потопла).. убаво исплакни се. ако треба и неколку пати наполни со обична вода, запали да поработи па испушти, се додека не исчезне мирисот на есенцијата (а има страшно силен иритирачки-интензивен мирис)...
внимавај со есенцијата додека е во шише т.е. додека е концентрирана... ако ти прсне во око или нешто слично ОДМА со голема количина на вода плакни... кога ке биде загреан моторот, немој да вдишуваш испарувања од нејзе... ке кашлаш како кубанска пура да си ја испушил цела наеднаш...
после првото плакнење веке нема никаква опасност од ништо, ама убаво исплакни... ако после овој третман, не ти се оправи парното во работење во лер, тогаш имаш друг посериозен проблем... како што пишаа погоре исто.. пумпи, црева итн итн... патем речено, незнам дали кај ланчијата твоја на малото цревце што излага од глава има вграден неповратен вентил.. ако е да, тогаш да знаеш дека и тој може да си ибал мајката.. провери го него пред било што да правиш...
после ваков третман со сигурност немаш ни зрнце каменец, минерал, калциум или што и да е наталожено во хладњакот и голем и мал, и во главата и во каналите за разладување, нити пак во пумпата... е сега... ако например пумпата била во фаза да протече а ја држели на семеринг некој помал слој каменец, е да знаеш дека ке протече.. но подобро тоа сега да го дознаеш одколку среде зимо, некое ладно утро кога ке увидиш дека немаш антифриз, а баш тогаш јебено ти се брза... нешто слично е и со каменец налепен во хладњак кој држи колку толку да не протече дупнатиот-скапан хладњак... и нај често и за едното и за другото викаат СОДАТА МИ ГИ НАГРИЗА И ПРОТЕКОА.... не пиле, не ти ги нагризало содата, туку содата ги исчистила талозите и наслагите, а проблемот си го имал, сам осега се покажал, т.е. времето на покажување се убрзало... неможе сода да нагизе алумин, гус, пластика, бакар.. никако...