Автор Тема: Ситни прашања околу мајсторски работи...  (Прочитано 86413 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #30 на: 21 Септември 2014, 00:51:14 am »
Ставав OMV 20-50...  горе-долу тука беше потрошувачката...
потоа ставав некое си Grand oil...
па наливно некое си најефтино и на крај веќе почнав да и ставам користено масло ....
цело време ситуацијата е тука негде... (литро - малку помалку, малку повеќе....)

Друго нешто што се зезнав, по долго наговарање од сите околу мене, и опнав адитив... не се сеќавам убаво на името целосно, црвена лименка со големи букви стоп. Од тогаш е бетар чадење...

Семеринзите се менуваа со монтирана глава. Мајсторот што го водеше процесот реќе наводно вентилите биле добри... е сеа...

Тоа долу за да видам дали враќа низ карики в картер?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #31 на: 21 Септември 2014, 01:07:47 am »
џабе тупите.. вакво масло онакво масло, гумици, адитиви дрн дрн дрн... вторите карики-брисачките а и уљните се отидени... или можно е една да е скршена, од само еден цилиндар.. како и да е, сака нови карики моторот... успат би препорачал и лагери на радилица да се сменат... заедно со се дихтунгот на главата нема да проиде поише од 100 евра за шкода фелиција мотор...

компресија може и 12 да има, тоа е притисок мерен на горна карика. имањето компресија не е доказ дека не е отиден на карики... доказ е само дека горната карика-компресионата е исправна... и толку...

отварај моторот и прави го ова што ти го пишав погоре... ниедно масло, гумица на вентил или адитив нема да те спаси од 1 литро масље потрошено на 100 километри... и да, нема да дува во картер т.е. на капаче од брегаста или на мерач за масло, затоа што маслото се троши во цилиндар и не го дува на никаде... поголем доказ од тоа дека ти чади сив дим и ти замастува свекици нема...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #32 на: 21 Септември 2014, 01:21:41 am »
Разбирам Онак...  Знам уште при првото менување семеринзи ми беше јасно дека не е тука крајот, само запнаа сите околу мене дека ќе се средело со овие семеринзи новиве, од атер...

Само се плашам да не излезат 300 глупости кога ќе го отворам...
Хилзни, ланче, вентили... абре УПМ...
Инаку, за 1500 денари има комплет дихтони сосе семеринзи...
+ кариките колку би биле?
+ лагерите колку би биле?
Колку да имам појма за што пари праам муабет...

+ Мака 10 дена растурање и некој ден собирање по мајстори...
Како што сум без пари - ќе се намачам убаво...

Дали според компресијата може да се каже дали е хилзната океј?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #33 на: 21 Септември 2014, 01:30:42 am »
ако има компресија добра, то значи дека хилзна+компресиона карика се во ред.

за сумата ти реков... 100-тина европски ке те фати... одприлика...

едит...

не сум сигурен, но мислам дека можеш да пројдеш и без дихтунг на глава... треба да се провери дали клиповите одоздола може да се извадат... пуштиш на штрафови радилицата и ја извлечеш комплет со се клиповите надвор.. смениш карики и агери и вратиш назад... ама како што реков, треба да се провери... а и за ваков потфат треба и мењачот да се одови од ламела и замаец да се одвои... затоа што за вадење клипови посекако не ти бега отворање на картер, за да ги пуштиш на летечи лагери т.е. на клипњачата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #34 на: 21 Септември 2014, 01:42:51 am »
Прашував уште за старата Шкода дали има можност за вадење од долу... Не може... цилиндрите благо се стеснуваат надоле и ништо нема да постигнеш, наводно само ќе скршиш карика кога ќе местиш... Ама не ми е пробано...

Да не е многу поисплатливо да се фрлат уште тие 3-4 стотки за дихтонот отколку да се вади мењач, ланче и 300 чуда?

Патем, може блокот да биде на кола кога менувам, ако е регуларна постапка во прашање... нема потреба да вадам, така? (значи, вадам декла, картер итн...)

Фактички, ствари што мора да ги сменам се дихтонот на декла, кариките, лагерите летечи?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #35 на: 21 Септември 2014, 01:48:39 am »

е сега ме наљути... за болдираното...

значи вадиш глава (не декла), картер, пушташ од кај картерот на радилица сите штрафови што се на клипњачите.. ако не се обележани кој од каде е, обележи ги по ред, зашто кој од каде го вадиш, таму и треба да го вратиш...

ланче вадење не ти гине... ланчето е со брегаста врзано... а брегастата иде надвор заедно со главата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #36 на: 21 Септември 2014, 01:55:32 am »
Хехе...
Океј... глава... (по автоматизам ми иде така, цел живот така го слушам)
Брегастата е долу во блокот, а до вентили стига преку клацкалици.. како на фиќо...
Не би требало да се вади и брегастата, или грешам?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #37 на: 21 Септември 2014, 02:05:33 am »
Хехе...
Океј... глава... (по автоматизам ми иде така, цел живот така го слушам)
Брегастата е долу во блокот, а до вентили стига преку клацкалици.. како на фиќо...
Не би требало да се вади и брегастата, или грешам?
видиш... се обидувам да се присетам и стварно незнам за тој мотор на шкода како е, бидејки во животов не сум растурал ниеден таков мотор, ама релативно сум сигурен дека ке треба и брегастата да ја извадиш, зашто на други типови на мотори кај што се на ланче и кај што брегастата е доле а со клацкалици иде нагоре, брегастата сепак е во главата, а не во блокот... но има мотори на кои брегастата е на страна и не пречи за вадење на клипови, па по дефиниција, не се ни вади истата т.е. лагерите нејзини се помеѓу блокот и главата, па со самото тоа и ланчето е доле...

ај баш ке проверам утре со боро и ке ти кажам.. сите софтвери се на тој лаптоп во гаража што е... или види пребарај по нетов, можда ке најдеш инфо...

ако веке е вторава варијанта, тогаш најди начин, да ги обележиш цевчињата од клацкалиците што идат кој од каде го вадиш.. ама посекако штелка на вентили не ти бега...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #38 на: 21 Септември 2014, 02:14:20 am »
Како што се сеќавам кога се растураше мотор од фелициа за в отпад, главата се извади без никаков контакт со брегастата...
Вентилите земаат погон преку прачки (- незнам како се викаат тие чудесии) внатре од блокот.. исто ко на фиќо и 45ка...
Релативно лесно би било склопувањето, само ме плаши местењето лагери и карики... (сефте ми е)

Штеловање на вентили без проблем.... Еве денес ги прештелував пошто се штеловале 2 пати откако ќе се вадат клацкалиците, да налегнат штрафови. Работи ко сатче, не се слуша... хехе

Вака изгледаат главите од горе

Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #39 на: 21 Септември 2014, 02:43:21 am »
ништо не ми кажува сликава...

тие прачките што се.. јас ти ги пишав како цевчиња.. во суштина тоа се воѓици или носачи на клацкалица... нив треба да ги обележеиш кое од каде ги вадиш..

нај убаво земи парче стиропор или картон.. како ги вадиш по ред, така забивајги и нема да утнеш... по истиот редослед после врати ги...

нема што да те плаши со лагерите.. едноставное, тоа се полутки кои се заглавуваат убаво во елементите што ги вадиш.. пола е во горниот дел пола во долниот дел од клипњачата... побрај на нет само со која тежина се стегаат штрафовите на клипњачата... тоа МОРА да го направиш со момент клуч... МОРА... ако ги оставиш по лабави, може да се отштрафат од вибрации... ако ги престегнеш ке се издеформира лежиштето, за брзо време ке ти ја ебе радилицата и лагерите... значи мора таман да биде..

и ај позз.. идам да спијам, утре (денес) треба да возам фамилијата во штип на пастрмајлија со карклуб... а братов роденден славеше прееска па малку претеравме... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #40 на: 21 Септември 2014, 03:02:02 am »
Вака сеа клипови да вадиш без глава да извадиш само ќе напрајш поголем секс за местење,гарнитура карики имаш од 15е нагоре зависи од моторот(ja за фиатот мој ги платив 25е mahle),ја би ти препорачал да го извадиш моторот надвор,блокот да го однесеш само на благо хонување и потоа стави си нови карики,летеши и лежечи главата провери ја убаво вентилите да не има некој подзагорен и сл.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #41 на: 21 Септември 2014, 11:32:41 am »
Немам можност да вадам блок од кола, а кога нема ни царот не јади, знаете како се вели... Хехе
Останува да барам карики и летечи лагерчиња, дихтон и да си се фатам за работа... Тука и рамнење глава не ми гини... ама ја, некако ќе ја наредиме...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #42 на: 21 Септември 2014, 17:54:30 pm »
Мораш да го извадиш блокот и сите лагери да ги смениш оти со новите карики ќе имаш поголема компресија и ќе имаш проблеми со радилицата.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #43 на: 21 Септември 2014, 20:57:30 pm »
лежечите немора, ако нема луфта... ама летечите, мора...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2513
  • Дете Битолчанче
Одг: Ситни прашања околу мајсторски работи...
« Одговори #44 на: 21 Септември 2014, 22:45:10 pm »
Или кога веќе фрла 100е најпаметно е да стегни заби и да си среди се како што треба за нешто повеќе, оти се знај како оди поговорката - сиромавиот двапати плаќа.
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D