За Гољф 4 незнам ништо, нема и да зборам.
Сеник од првите (со фејслифт) има баџанак ми и еден другар. Двете 1.9 дизел, двете увезени. По 2 години ги имаат, освен некој мал дел за климата кај едниот и редовни сервиси други кварови немале.
За резервни делови има еден тип во Радишани што растура реноа и има све и свашта. Во Маџари има еден автомеханичар што поправа само Реноа. Каков е незнам, али стално има "клиенти".
Колата мене лично ми се допаѓа - пространа е, комотна и висока. Баш фамилијарна. Да е нешто брза не е, али влече, впрочем за фамилијарна кола е таман, а и е економична.
И да, доста сеници се возат низ МК, повеќето увезени што покажува дека е ок кола.
Братучед ми има голф 6, 1.6 дизел, и пријатно ме изненади, не е тоооолку тврда вожњата, влече и доста економична кола е. Добро склопена кола. Никогаш не би купил Голф, но ок кола е. 7цата верувам дека е уште подобра.