Автор Тема: Yugo 55 - црвенкапче....  (Прочитано 2273 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Yugo 55 - црвенкапче....
« на: 19 Мај 2015, 21:32:26 pm »
Произведено 1990 година, 55ка, 5 брзини....  Мое прво југо, воедно и едино со здрави седишта што го имам видено до сега...
Имаше ситни фалинки... алнасер не чинеше (не се заинтересирав што му е, го сменив одма), инсталацијата од палењето беше избуричкана, гумите задни трдулави, задно лонче итн....

Откако се среди сето, југото ред му е да дојде на форумов. Првичниот план е да оди на продавање за да си одврзам кеш, но со оглед на тоа што стариот мој ја вози фелицијата деновиве (недела... месец...  >:( ), принуден сум да се дружам со црвенкапче. Минативе 3 дена поминав едно 80 километри по улички, и потрошњата држи околу 10 литри..    Непланирано, ама изгледа ќе мора да поседи кај мене некое време додека да разврзам со другиве коли...
Знам знам... кољушница е внатре валкано, ама едно по едно...  Сепак ми е дел од животниот простор и ќе морам да го потсредам  ;D

Патем... дај кажете вака слободна проценка за цена според вас??



Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #1 на: 19 Мај 2015, 23:50:13 pm »
Ако нема плин и набрзо му истекува регистрација, максимум 250-300 евра. А ако е со плин со атест и регистрација 300-350.

До пред месец дена барав југце за татко ми па и затоа знам како се движат.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Yugo 55 - црвенкапче....
« Одговори #2 на: 23 Мај 2015, 02:59:37 am »
Интересна е разликата во цените меѓу Скопје и Прилеп кај што југото се бара за работа. Баш затоа и прашав...
Одржано југо во Прилеп нерегистрирано и без плин тешко се најдува и под 350 евра. Ако има плин и е регистрирано можеш да добиеш и над 500 евра за поодржано.  Хм... гледам перспектива во носење југца од Скопје...

Патем... ламелата ми е прикрај, ќе ја сменам пред да оди на продажба, ќе има детално слики од процесот (си викам...)
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Yugo 55 - црвенкапче....
« Одговори #3 на: 23 Мај 2015, 11:08:55 am »
Ќе одиш во Скопје ќе најдиш зачувано :) и регистрирано за 500 евра со плин а-тест.