Велосипедот е 56 cm така да видов на странава и ова излезе http://www.ebicycles.com/bicycle-tools/measure-frame/road-bike/classic/suitable-riders?utf8=%E2%9C%93&s=560.0
За да измериш што е твојот велосипед (бидејќи странав кажува нешто што не е поврзано конкретно со твојот).
Измери два параметри:
1. (Seat Tube ) Цевката на седиштето - Измери ја од центарот на средната осовина, до центарот каде што се спојува со хоризонталната цевка. Тоа ќе ти каже колкава димензија е твојот точак (јас би играл на тоа дека е 58 ца вака од слики)
2. (Horizontal Tube) - Можеби и најважната димензија.. Измери ја должината на цевката од центарот на спојувањето со Seat Tube до центарот на спојувањето со предната кратка цевка. Оваа должина во суштина е најважна за дали еден точак е тамам или не. Инаку кај новите точаци е релативно тешко да се измери, бидејќи има геометрија каде што оваа вредност на одговара на реалната должина, туку на виртуелната должина на цевката (ако се пушти хоризонтала). Малку можеби комплексно да објаснам, ама ако се прогугла лесно ќе се сконта што и како
3. И некој пишал дека имало една димензија што одговарала на сите порано. Ова не е вистина. Од секогаш имало димензија на рамови зависно висина/должина на раце/нозе на тој што треба да го вози. Кај Road Bike ова е многу битно, и димензиите знаат да бидат и за само 1 цм разлика (51.5, 53, 54, 55, 56......)