Ајде да ја живнеме темава
Уште летоска купив DJI Phantom 2. За летање е прилично лесен и брзо се учи.
Следен чекор е купување гимбал (стабилизација) - H4-3D кој е балансиран за GoPro Hero 4. Истиот искочи на средината на Јануари, и бидејќи сеуште немав купено (нарачав од ибеј и имаше некаков проблем и ми ги вратија парите) гопро 3+ блек (за која само имаше стабилизација), таман се погоди да земам Hero 4 Black и да почекам да искочи во продажба H4-3D.
Hero 4 Black е земен од Солун, после поврат на ДДВ излезе 390 евра.
Картичка имам ваква -
http://www.amazon.co.uk/gp/product/B00J2BRS80?psc=1&redirect=true&ref_=oh_aui_detailpage_o01_s00 - ја начекав на амазон ук на флеш дил за 20 евра.
После тоа на ред се уште 2-3 батерии (110 eur/парче), IOSD mini (модул кој прикажува телеметрија на екран - висина, должина од местото каде полетал дронот, видео трансмитер и видео рисивер со монитор, за да гледаш што и како снимаш.
Башка што треба да се има најмалку еден куфер и еден ранец. Куфер купив од Лондон, а за ранец се мислев помеѓу 5.11 Rush 72 + кастм пена или Vanguard Up-rise II 48. Изборот падна на вториот, треба периодов да го земам од Солун, кога бев да го земам го чекаа од Атина.
Последен чекор е Flytrex 3G дата рикордер кој има место за SIM картичка и ти кажува на апликација или на веб каде моментално ти е дронот, доколку ти се случи flyaway.
Опционално потоа може да се додаде ND филтер за сминање при јако сонце или смалување на евентуалниот jello efect.
Вака опремениот Phantom би бил спремен да прави одлични видеа и фотографии.