Па штом си имал знаеш повеќе од мене што е и како е... Чим те држело 7 години.. Значи уште едно такво нема да ти е на одмет..
Јас набавив ефтино кинеско од алиекспрес...
Гледам по огласиве кај нас истите ги продаваат по 4000-4500 па и 6000 денари
Зависи од продавачот или димензијата. Но најчести се со 5 инчни екрани. Мојот е исто така со 5 затоа што 7 ми е преголем. Комотно се гледа мапата и патот.. Стигна со iGO софтвер и комплет мапи за европа.. Јас само ги сменив со понови мапите и останатите работи (poi, ftr....)
Денес се возев низ градов со нејзе (мислам дека ме направија тотална будала.. Бидејки кој нормален вози низ скопје со навигација) И добро се покажа.. Дава повеќе начина на избор на мапата.. Не брка многу низ улици но знае да занесе.. Но се е до подесувањата.. Јас си играв денес па сеуште не сум научил на кој мод да ставам рутите да ги бира.
Сега ставив Germin mobile XT само сум ги утнал мапите.. односно ја симнав со некоја кинеска мапа и јазик.. па сега ќе ги променам и ќе пробам со други. Сеуште не се снаоѓам каде и како се ставаат мапите.. Но програмот ми изгледа сосема нормално. Ги најде координатите истите оние што ги дава и iGO... Кога ја гасам програмата исфрла некој ерор.. но изгледа до верзијата што ја најдов е.
По интернетов гледам дека на кинеска навигација пасува се.. Така да.. Еве ти неколку примери па ти одбери каков ќе користиш.
- Вакво пионир користи еден шофер низ европа.. Човекот е презадоволен. Да му дадат 1000 евра за него нема да го даде. Вика дека никогаш не го однело во забрани или да го заака по улички. Користи iGO софтвер и активирана опција за камиони (тоа го има секој iGO само во опциите си бира камион и се ставаат димензии)
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1227836- Ваква е мојата навигација.. Медиатек (богзнае каква кинеска марка која наводно брка работа)
Ги рекламираат како камионски бидејки iGO има опција за камиони.. А ни нив највеќе им е потребна навигација.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1117815