Што бараш посебно за рачната кочница. Јас имав проблем со автоматска рачна, и ако ти помогне моето искуство повели-
Кога го купував Сеникот, не му работеше рачната воопшто. Човекот што го продаваше имаше договорено промена на истата (во цена влезено). Но за жал сервисот каде што требаше да го средам тоа испадна крајно непрофесионален и без основно познавање на проблематиката. По неколку одења и влечкања доји по една недела, те сега ќе имам рачна топ од мој човек извадена, те ниедна не сака да ја прифати компјутерот и слично, ми пукна филмот, и со продавачот се договорив да барам решение на друго место. Инаку нова е сигурно знаеш, огин и пламен.
Нарачав рачна од Бугарија, ми ја донесе човек преку еден плац за Рено, што се наоѓа пред радишани (Марјан е газдата), и откако дојде и беше наместена, да излезе дека воопшто не е проблемот во неа. За џабе само мајсторот ја извадил и ја отворил и најверојатно ја дозаебал. Испод седиштето на возачот има еден склоп на релиња и конектор кој ги поврзува скоро сите електроники од задниот дел на колата. Е тој да ти фати корозија од кондензација од клима. Се смени тој и сега рчната работи без проблем. Сето тоа комплет чинеше 10000 денари. Да не беше нарачана друга рачна кочница ќе завршев работа со 2000-3000 денари. Тоа би било моето искуство со македоснкиве надри мајстори.