Пазарот е крш е затоа што луѓето мислат дека таму у Европа колите се без пари и дека сега дури и ќе ти платат за да им ги земеш дизелите.
Роднина сака да купува кола, ми вика донеси ми кола од Германија, ок викам колку пари да е таму? Абе знаеш ти дека колите таму се џабе, 1000 максимум 1500еур ако е над 2010 и понова. Ја ли ќе ти кажувам кога ти повеќе ги разбираш работите. Јас секако дека не му ни барам кола, таа канта од 1500еур ќе ме остави на пат и треба да ја фрлам на некој паркинг и потоа и борчлија да му бидам.
Затоа батенца кај нас се возат кршеви, оти голф 5 што тука вреди 3800-3500не може да е исправен оти истиот и у Германија кошта толку.
Никаде нема убаво без пари. Има луѓе со алфа 159 што се жалат, го имаме и симо тука и струмичанецот едно време што пишуваше со нивните 159 без проблеми, ама не беа тоа алфи што излегуваа први на оглас, туку беа таму подоле во огласите кај што ќе треба да си изброиш кеш.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk