Автор Тема: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..  (Прочитано 54475 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Дали го менувате глицеринот во кочниците на вре
« Одговори #135 на: 26 Јануари 2014, 03:34:36 am »
И јас имам проблем со задните тркала. Едното кочи повеќе од другото и на поголема брзина кога ќе поткочам нагло се осеќа како да занесува колата. Пред 2 месеца на задното десно тркало менував клипче и мислам дека тоа тркало кочи повеќе. Дали тоа значи дека имам воздух во тоа тркало? Инаку проблемов се појави вчера, предходно си беше се ок. Инаку кога го менував клипчето, го проверив и другото тркало, и све беше во ред. Дајте некој совет што може да биде.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #136 на: 26 Јануари 2014, 03:40:47 am »
Воздух испушти само од клипчето што го смени ? Од другото што го остави не го испушти ?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Дали го менувате глицеринот во кочниците на вре
« Одговори #137 на: 26 Јануари 2014, 03:59:01 am »
Тогаш испуштив од сите 4 тркала, зошто го менував и глицеринот.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #138 на: 26 Јануари 2014, 04:15:35 am »
Епа провери пак да не има воздух, најди некој што ке ти друка на кочница :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Дали го менувате глицеринот во кочниците на вре
« Одговори #139 на: 26 Јануари 2014, 04:26:21 am »
Па тоа се мислам, утре ако се погоди времето ќе испуштам на двете задни.

Отсутен stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 58
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #140 на: 26 Јануари 2014, 20:58:16 pm »
Највероватно си монтирал несоодветен цилиндер на тоа тркало(мислам на дијаметарот-капацитетот во цилиндарот).Моја препорака е и на другата страна да си купиш ист таков каков што си монтирал на десната страна.Така би го решил проблемот.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Дали го менувате глицеринот во кочниците на вре
« Одговори #141 на: 26 Јануари 2014, 22:28:55 pm »
Клипчето е сменето пред 2 месеци, а проблемов е од пред некој ден. Така да мислам дека не прави тоа проблем. Најверојатно не ми се идентично наштелувани задните тркала. Прво фаќа едното па другото. Нека се оправи малку времево, па ќе отворам да видам што е.


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Дали го менувате глицеринот во кочниците на вре
« Одговори #143 на: 27 Јануари 2014, 00:33:44 am »
Баш и капачињата како на првата слика ми фалат, летнале некаде во возење.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #144 на: 27 Јануари 2014, 00:54:41 am »
Клипчето е сменето пред 2 месеци, а проблемов е од пред некој ден. Така да мислам дека не прави тоа проблем. Најверојатно не ми се идентично наштелувани задните тркала. Прво фаќа едното па другото. Нека се оправи малку времево, па ќе отворам да видам што е.

чим ти закочува прво новото а со мало доцнење старото одговорот е повеке од логичен... смени го и старото... старото има наслаги од прљавштина, кал, песок и нај страшното корозија. исто така нај веројатно има внатрешно наслаги од прљавштина на самите клипови од цилиндарчето. истите тие ја задоцнуваат потисната реакција на гуртните, во однос на новото кое побрзо реагира и ти се појавува тоа зашантрување лево десно. решението е вадење на старото и ставање ново. некој ке пише дека ке поминеш и со отварање и чистење на старото.. јас велам не, затоа што ако еднаш растуриш старо клипче, краток ке му биде рокот додека да протече и да треба да купиш ново...

затоа од пракса мој лична, што сум ја востановил низ годиниве... кога ке ти протече клипче за кочница, ги мењаш и двете на истите тркала (задни како сет на пример или предни како сет)... не пробувајте да пправите клипче за кочница... не го оправаш. тоа више има канали направео од стругање и работење.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Дали го менувате глицеринот во кочниците на вре
« Одговори #145 на: 27 Јануари 2014, 06:46:01 am »
Немам ни намера да го растурам, ако се менува, ќе се менува со ново. Е сега неможам да одлучам кое прво фаќа. Најверојатно е старото(лево задно) затоа што колата занесува на лево.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #146 на: 27 Јануари 2014, 09:22:15 am »
Самозатегачите добри ли ти се? Тие треба да обезбедат пропорционално трошење и кочење во задниот дел.

Отсутен Suki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #147 на: 27 Јануари 2014, 12:31:10 pm »
ke moze mala pomosh od vas od vcera mi sveti ABS po vas sto bi mozelo da bide osven senzorite i citacite provereni se a pred nekoj den smeneti predni plocki

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на
« Одговори #148 на: 27 Јануари 2014, 16:52:03 pm »
Самозатегачите добри ли ти се? Тие треба да обезбедат пропорционално трошење и кочење во задниот дел.
Кај мене се со запци, на гуртните стојат. Така да со секое менување на гуртните, се менуваат и тие.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Дали го менувате глицеринот во кочниците на време..
« Одговори #149 на: 27 Јануари 2014, 16:59:13 pm »
ke moze mala pomosh od vas od vcera mi sveti ABS po vas sto bi mozelo da bide osven senzorite i citacite provereni se a pred nekoj den smeneti predni plocki (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
без дијагностика неможе да знаеш од што е