Не секогаш е правило дека кола купена од Германија е кола со реални километри, (само поголема е веројатноста да бидат реални). Јас лично пред година дена купив од Германија од приватно лице кој ми рече дека е прв сопственик, за потоа да излезе дека колата е возена само една година во Германија (купена од Италија) и вратени 100К км. Но еве година дена и 32К поминати км без никаков проблем, и не ни помислувам да ја продадам, значи каква среќа ќе имаш.
Инаку што се однесува на Аудито, единствена замерка околу моторот 2.0 ТДИ 140 КС. според мене се инџекторите кои во тоа време беа вградувани од Siemens кои не се покажаа како добри и најчест проблем околу дефектите беа токму тие. Подоцна ја исправија грешката (заменети со Bosch). Единствено што ме одврати мене да не купам VW пред една година беше токму страв од тоа нешто. Настрана од тоа, добар мотор. И уште една работа само, да не е стоена подолго време, тогаш ништо не важи.