Јас пред 4 години имав мал инцидент на Јаја Паша со скутерот, заобиколував возило паркирано на десната лента каде што е забрането и застанување и паркирање, од лева лента имав коли, и идиотот ми отвори одеднаш врата ...
2 бевме на моторот, и до ден денес незнам како успеав да заобиколам наместо директен удар во врата да удри ивицата на вратата во десниот ден од предната маска.
Застанав, скршена беше маската, паркирав, искочи и возачот од бела Лада Нива, и нормално почна „Абе вие со скутерите ништо не гледате, само возите ... “ Јас само си се насмевнав, и му реков „ Господине, дали го приметивте големиот знак за забрането паркирање и застанување, и ова нешто од вашата лева страна се вика ретровизор, и пожелно е да погледнете пред да отворите врата“ . Викнавме полиција, во меѓувреме со собраа џаболебари хиени, и дофрлуваа од страна „Ти си крив бла бла ..“ Јас си свиркав и не ми чуе. Дојде сообраќајна полиција, си направија увид, му го рекоа истото и на него што јас му го реков, направија записник, се потпишавме, ја советуваа мојата сопатничка и мене да идеме на лекар ако имаме било какви гребаници ... да си бараме оштета.
По некое време, го добив записникот, нормално во меѓувреме ништо не правев на моторот, и со записникот и моторот отидов во неговото осигурување, направивме попис што треба да се среди, ми префрлија пари и тоа.
п.с. тогаш немав осигурување за моторот

истечено ми беше, но после тоа си вадам редовно.
Заклучок, иако се работи за 50цц, и јас како и другите учесници во сообраќајот ги имам истите права и должности.