Прашањето во денешно време е дали вреди да се зема 50 2т или да се оди на 4т? Па здравје кит/некит и тако даље по некое време.
Пред се се разбира е за да не се полага А категорија, особено за ваков тип на „фамилијарни точаци“ кај кои неможе да се полага А категорија зошто треба 4-5 души да полагаат. А кога би било 50ка само би седнале и би си завршиле работа без да се мрцварат максимално со кола или со точак или со полагање А.
Е сега кога разјаснивме зошто се зема 50ка во нашите услови, тоа е затоа што уште 125цц 4т не е легално да се вози со Б категорија.
Како и да е, пролет е и тамава ќе е се поактивна со овој тип на прашања од причина што во Скопје веќе е непроодно и непаркирливо со кола. И тоа е логично затоа и сите поголеми градови се со мотори. (Секако 125цц 4т мотори, ама ние не сме стигнале мозочно да го смениме законот наместо во ЦЦ да се мери во KW моќноста, капацитетите не ни се до толку проширени на мозокот)
Еве го каталогот од кимко од нашиве.

50 2т им е декларирана како 2.8KW додека пак,
50 4т им е декларирана како 2.4KW
Тоа е 17% повеќе сила. Но бидејќи мора да се врти на високи обртаи 2т дури мислам дека не е ни приметлива толку таа разлика. Или пак е?
Урлањето на 2т е она од кое се трудиме да избегаме на планетарно ниво, и затоа како покултурно решение се бира 4т.
Каде може да се направи соодветна надградба на 50цц 2т или 4т кај нас, со квалитетни делови се разбира и со квалитетна работна рака?
Понатаму гледам дека 50киве 4т уште се со карбуратор, додека веќе цивилизираните 125цц и слично се веќе инџекшн.
Дали е паметно да се оди на 50 4т карбуратор е прашањето? Па отом-потом да додадеш некој KW преку кубикажата.
Најпаметно е се разбира да се земе 50цц и да му се смени 200i после тоа и да си тераш така. Јасно е тоа, ама е бајаги скапо решение. Иако е најоптимално во секој поглед освен цена.