Немам лично искуство со овој, но кимко и сим се одлични и прилично издржливи скутери. Конкретниов модел многу го возат низ Ск како достава од пицерии. Е сега, бидејќи е 4т, малку ќе биди побавен, но за евтини пари можеш да му ставиш 80цм3 кит и да го бичиш преку 70км/ч (по гпс, не по тахо), а потрошувачката под 3л. Мене лично овој модел не ми е нешто убав на изглед, плус кога ќе го видам кренато тоа седиштето назад, по дифолт ме асоцира на скутерче за достава

Ако не ти е проблем да додадеш уште 200-300 евра, да си земиш агилити, уште поубав избор ќе направиш.
Кимко пипл С имав изнајмено на Крф, секој ден поминував преку 80км, 2ца со 2 преполни ранци и куферчето полно позади, 8 дена без никаков проблем.
Имај на ум, доколку има гуми како на сликава (Duro мислам беа), да ги смениш дури се нови за да ги продадеш и да си ставиш барем сава мц16 или подобри.