Да се пофалам, еве го новото превозно средство.
Само знам дека е 4 тактно, а незнам колку кубици е, од кај што го купив ги запишаа број на шасија и број на мотор па треба да ми извадат документи за него.


Совети како се штелува карбуратор да „везе“ во место, како се штелува задна кочница ако можам тоа сам да го средам, и основи како се пали, на курбла како пали и како се вози, и особено како се застанува?
Видеа некои би ми биле од голема помош.
Какво уље користи, како се проверува, на колку км треба да сменам, дали е водно ладење или воздушно, глицерин каков користи, како се проверува дали фали, и сл.
Немам возено вакво чудо до сега и воопшто било каков мотор, па нов сум, учам и сметам дека не е срамно да прашам нешто ако не знам.

Однапред благодарам.