Автор Тема: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила  (Прочитано 18842 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #135 на: 10 Јануари 2014, 20:27:17 pm »
За сите треба да е плаќањето без ПИН.
Нормално. Со декрет да се забрани внесување PIN на патарина.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #136 на: 11 Јануари 2014, 01:23:50 am »
Вињета само за на автопат. Ако неќеш вињета тогаш си возиш по спореден пат. Чао пријатно.

Проблемот е што нема доволно оспособени споредни патишта во државава. Еве конкретно од Катланово до Велес нема, т.е има ама треба да имам лада нива или дефендер за да го поминам патот, оти со нормална лека кола можеш да заглавиш.

Еве и Тетово - Гостивар, ај да те видам иди вози низ она селана ако нејкеш по автопат.

Секаде покрај автопатот има и спореден пат, па ти си одбираш по кој ке возиш.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #137 на: 11 Јануари 2014, 11:47:42 am »
а тоа од тетово до гостивар е автопат? 80 има ограничување....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #138 на: 11 Јануари 2014, 11:49:40 am »
Автопат прво треба. Прво и основно.

Ако неќеш по селата да возиш, има автопат.

А може да купам налепница одма, а не тогаш кога ќе регистрирам?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20632
Одг: Re: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните во
« Одговори #139 на: 11 Јануари 2014, 11:49:54 am »
Автопат е. Нема наизменичен двонасочен сообраќај. 80 е поради други причини.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #140 на: 12 Јануари 2014, 00:00:01 am »
Вињетки се право решение. Кој ретко вози ќе вади вињетки за недела дена, за месец дена, итн. За странци вињетките нека ги опнат поскапи ако баш мораат. Важно да нема гужви и запирање на патарини. Нема да мора ни вработени да плаќаат ни со полиција да ги пазат да не крадат.

Во ЕУ само кај жабарите имаше патарини од 10тината земји каде сум се возел. Неделните вињетки се со нормални цени, просек 10-15тина евра. Како за споредба Итаљаните лани ме заклаа некои 80евра (или накај 90, не ми текнува точно), за возење на релација север-југ (Бари-француска граница). Ова за патничко возило зборувам.


Не сме Германија па 50 евра да е :D.
Во Германија не се плаќа, нема вињетки, нема патарини... а кога сме кај немањето, нема ни лимит за брзина на возење (на автопат).

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #141 на: 12 Јануари 2014, 00:12:08 am »
Кога ќе направат патишта што личат и функционираат како автопати, тогаш нека размислуваат за вињети. Ние немаме авотпат помеѓу двата најголеми градови во државата, вињети да се воведувале. До Охрид во просек се патува 3 саати, а па да не прајме муабет за патиштата низ источна македонија.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистри&#
« Одговори #142 на: 12 Јануари 2014, 00:26:05 am »
Сега не плаќаш на патарини? Поубаво е 8 пати да плаќаш (и да застануваш) од Скопје до Охрид, или еднаш да платиш и тоа од каде сакаш да си купиш вињетка?
Нормално, зборуваме ако цените бидат тука некаде.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #143 на: 12 Јануари 2014, 00:47:25 am »
Плаќам патарини и многу ми смета застанувањето на наплатна, особено на Те-Гв каде што треба 4ри пати да се застане. Проблемот е што ќе се занеста со европска цена на вињетите, а патиштата ни се во катастрофална состојба, а плаќаме придонеси и преку регистрацијата на возилото и преку наплатните рампи.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Од 1 јануари налепници за новорегистрираните возила
« Одговори #144 на: 12 Јануари 2014, 10:32:24 am »
Идејата е да се постават нормални цени за вињетките, барем за домашни корисници (пошто за разлика од странците плаќаме придонеси и преку регистрацијата). Значи десетдневна или двонеделна вињетка би требало да кошта колку најдолгата/најскапата напред-назад релација низ земјава.

Но ништо чудно и да испадне дека си во право, па да стават прескапи цени. Но тука сме сите ние криви, пошто на поскапувања не се собираме на социјални протести и немири (освен ако не ги организира една од двете политички партии, знаете кои). Кога пред некоја година во Франција сменија нешто со пензискиот фонд, пола земја излезе на улици, млади и стари и владата експресно ги врати работите по старо. Овде кај нас ја укинаа дневната евтина тарифа на струјата и на оволку сиромашен народ никој не се појави протестите (пошто не беа партиски). Тоа е тоа, излегува дека заслужуваме се што ни се случува.