Автор Тема: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4  (Прочитано 2697 пати)

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« на: 20 Јануари 2014, 22:30:38 pm »
Подуени ми се цревата на ладњакот. Дури не постигне 90 степени колата се подуени и жешки и ако го отворам капачето за дотур на вода истишуваат а откако ќе отвори термостатот се намалува притисокот и подуеноста на цревата. Сменив нов термостат BEHR Tomson кој ми рекоја дека бил ист како фабричкиот а претходниот бил заглавен на 80 степени отворен. Дали може да ми се јави некој поголем дефект или да возам така без гајле?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #1 на: 20 Јануари 2014, 23:31:13 pm »
нормално е да шишти кога ќе го отвориш капачето

не за џабе пишува

Never open when HOT
никогаш не го отварај кога е топло

цревата најверојатно е дујат зошто се стари и дотраени,смени ги и испушти воздух од системот

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #2 на: 20 Јануари 2014, 23:39:37 pm »
Не се дујаат како балон туку многу малку од нормала и дури не отрори термостатот се стврднати а кога ќе отвори омекнуваат нешто потврдо од цицка :D

Едит: се работи за Голф 4 1.9 тди пд

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #3 на: 20 Јануари 2014, 23:46:44 pm »
нормално,многу поголем притисок има кога е затворен термостатот

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #4 на: 21 Јануари 2014, 08:39:58 am »
Ја фрла водата кога говозиш агресивно?

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #5 на: 21 Јануари 2014, 10:14:51 am »
Не. Баш реков да пробам да го измачам малку ама тогаш па изгледа отвори термостатот и олабавија малку цревата.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #6 на: 21 Јануари 2014, 10:17:57 am »
Ме исплаши мајсторот ми рече ако не се средат цревата со термостатот ќе треба да ја отвараме деклата да го провериме дихтунгот а досега колава немала никаков проблем барем како што ми рече претходниот газда а и неколку мајстори ја ѕирнаат ми рекоја дека 5ка си е колата нема никаков проблем ама од пусти страв реков дај да прашам :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #7 на: 21 Јануари 2014, 15:00:29 pm »
Терај си ја колата, тоа е нормално. Немаш никаков проблем.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #8 на: 21 Јануари 2014, 23:36:48 pm »
Ако не ти ја фрла водата не би требало да има проблем, одреден притисок треба да има во системот мада не многу голем повеќе евидентен треба да е ако ја возиш по агресивно подолго време мада на релација од 3-4 километри со туража патос не треба воопшто да ги надуе ако си го ослободил притисокот претходно.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #9 на: 21 Јануари 2014, 23:41:44 pm »
Смени си го капачето знае да запуши па да прави притисок во системот.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Подуени црева за вода од ладњак на Голф 4
« Одговори #10 на: 22 Јануари 2014, 00:03:50 am »
од тоа капачето менвав дихтунг на глава, а француска технологија кај мене ако нема вода не кажва температура(стој на 80), евтина работа е смени го па макар и било исправно иначе нормално е малку да ги стега цревата.