Нуме зашто читаш вакви глупости?
Еве ти прв очигледен доказ дека прикаската ја измислил некој што не знае што е тоа соѕвездие. Вели дека планетата била во близина на соѕвездието Орион.
Епа орион е дводимензионална слика која ние ја гледаме од овде. А уствари ако зборуваме за далечина и 3 димензионален свет тогаш Орион изгледа вака:
Значи не можеш да кажеш дека нешто е блиску до Орион. Тоа е како да стоиш на кале, гледаш накај крстот на Водно и во позадина гледаш авион како лета и да речеш: еј авионот е блиску до крстот а тој може да е 100км далеку.