нови правила
- Стјуардите, сега може да изречат казна од пет секунди, која што може да се одработи пред да се започне со работа на болидот при пит-застанувањето.
- Тимскиот персонал, мора да носи кациги за време на квалификациите и на трката.
- Возачите веќе нема да можат да застанат на патеката по финишот на трката за да заштедат гориво, кое е потребно за земање мостри и анализи. Тоа нема да се смета за оправдана причина за запирање на патеката.
- За 2014 година, секој тим ќе располага со шест џокери за прекршување на полицискиот час за работа на болидот, претходно имаа само два. Оваа е со цел да се овозможи поголема флексибилност за работа на новите мотори и болиди.
- Тежината на болидот, без гориво, не смее да биде помала од 691кг во текот на целиот тркачки викенд. Ограничувањето на тежина е зголемено за 1кг, заради разликата во тежина помеѓу гумите од 2013 и 2014 година.
Одобрени се измени и дополнувања на спортските прописи за 2015година, но, тие треба да се одобрат од страна на комисијата за Ф1 и тимовите. Тие вклучуваат:
- Да се смета како конструктор, тимот, сега ќе мора да ги дизајнира и произведува амортизацијата и каналите за сопирачките кои служат за ладење.
Одобрени се измени и дополнувања на техничките прописи за 2015 година, но, тие треба да се одобрат од страна на комисијата за Ф1 и тимовите. Тие вклучуваат:
- Минималната тежина на болидот се зголемува за 10кг, на 701kg, за 2015 година.
- Сите уреди за греење на гумите ќе бидат забранети во 2015 година.
- Од безбедносни причини, предниот дел од шасијата нема да биде во можност да се издигнува премногу стрмно наназад од предниот дел на шасијата.
Извор
http://mkformula1.blogspot.com/2014/01/blog-post_23.htmlupdate:
ЛОТУС СЕ РАСПАЃА, МЕКЛАРЕН СЕ ЗАСИЛУВА?!?
Ерик Булие даде оставка од местото тимски шеф на Лотус Ф1, на негово место доаѓа Жерард Лопез. Лотус полека но сигурно паѓа надолу... Шпекулациите се дека Ерик Булие се договорил со Мекларен, да го замени Мартин Витмарш...
http://asia.eurosport.com/formula-1/lopez-replaces-boullier-as-lotus-f1-principal_sto4105547/story.shtmlhttp://asia.eurosport.com/formula-1/boullier-set-to-take-over-at-mclaren_sto4105604/story.shtml