umbrela, не постои поголемо ѓубре. тој бренд ми е првата електронска цигара што ја купив.... и втората.... си викав не се погодила, нешто дефектна, ај втора, поголема овој пат (со поголема батерија и поголем танкер за течности)... знае да протече нанадвор, ама знае да си протече и внатре во греачот, па кога ке повлечеш дим уствари сирова течност на јазик да стигне... а тоа е многу гадно... комбинација од ситно сладуњаво и многу горчливо на јазик...
Е-ЈOY, беше следната, т.е. третата и четвртата... ене ги во фиока седат со барем 10-тина различни вкусови во шишенца наоколу. за разлика од амбрелата, овие се сосема ок, не протекуваат, солидна количина на дим, башка со копче е регулирано повлекувањето на дим.
тоа што не ми се свиѓа е колку и да се трудев да стигнам до некоја комбинација на течности која ке даде скоро ист вкус на цигара, не успеав. многу занесенковци ке речат дека е исто... не, не е исто во ниеден момент. ги купив СИТЕ МОЖНИ ВКУСОВИ НА ТОБАКО И ТУТУН.. правев комбинации со нив. купив и еден куп овошни вкусови. купив и еден куп комбинации спремни.... ако си сладокусец, и со префинет и изострен сенс за вкусови, никогаш нема да ти се допадне или замени обичната цигара со елкетронска... џабе фрлани 100+ еура во електронски цигари и нај малку двојно повеке во течности... џабе...