Автомобили > Генерално за Автомобилите
Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
Tommy:
Aх, сега ми текна на што мислиш, во право си.
zeroSignal:
Сабајлево, уз кафе, се зачитав за градските возови што наводно ќе ги оспособуваат. Првата линија ќе биде кон Драчево, втората кон Маџари и Илинден, а третата понатаму кон Ѓорче (преку Скопје Север).
Ако ова стварно конечно се направи, многу работи ќе се олеснат. Ем побрзо ќе се стига до Центар од подалечните населби, ем нема да треба да се оди со кола.
Zile:
Они ќе го направат, само колку од нас ќе ги користиме и колку за нив ќе биде исплатливо. Ако се возат по 2-3ца веруј брзо ќе ја укинат линијата.
Еве за мене и за тебе, за да фатиме воз мора да одиме пак со кола до станицата ѓорче. Па јас коа ќе отидам до станица со кола за тоа време ќе стигнам до центар со кола.
andrejnaumovski:
--- Цитат: Zile на 05 Јануари 2026, 10:59:16 am ---Они ќе го направат, само колку од нас ќе ги користиме и колку за нив ќе биде исплатливо. Ако се возат по 2-3ца веруј брзо ќе ја укинат линијата.
Еве за мене и за тебе, за да фатиме воз мора да одиме пак со кола до станицата ѓорче. Па јас коа ќе отидам до станица со кола за тоа време ќе стигнам до центар со кола.
--- Крај на цитатот ---
Овој систем треба да е поткрепен со многу добар интерен јавен превоз, односно кога ќе стигнеш со воз до некоја од станиците за многу брзо да имаш трамвај или брз автобус што има посебна лента да те однесе до крајната дестинација.
И друга работа, срамота е што не испланирале линија до аеродром.
Zile:
Еее треба, ама пак ќе кажам градиме куќа од кров а не од темели па нагоре.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија