Автомобили > Генерално за Автомобилите

Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?

<< < (228/228)

yarre:
Затоа што тие што се одговорни сообраќајни инжињери спијат. Сообраќајот треба да се снима и по локации.
Истото прашање - 8ми Септември кон Илинденска и тоа во двата правци и лево и десно. Зошто не се прошират ( а таму каде што има- продолжат ) лентите за десно ?
Или пред студентски Г.делчев, од Гологанов кон Братство. Место има за многу подолга лента за десно.

zeroSignal:
Плус, ќе треба да се рекалибрираат семафорите на одредени локации. На пример и кај Румунска Болница и пред мост Обединети Нации семафорите одат и право и лево од двете страни на булеварот во исто време, и се прави хаос. Треба како во Влае што е, само од една страна да може да се оди право и лево во даден момент.

Deni:

--- Цитат: zeroSignal на 21 Февруари 2026, 09:59:38 am ---Плус, ќе треба да се рекалибрираат семафорите на одредени локации. На пример и кај Румунска Болница и пред мост Обединети Нации семафорите одат и право и лево од двете страни на булеварот во исто време, и се прави хаос. Треба како во Влае што е, само од една страна да може да се оди право и лево во даден момент.

--- Крај на цитатот ---
На многу места има вака, и не само заради некој сејф и некој сити.

Орце-Рузвелтова е хорор за пешки поминување заради ова. Илинденска и Рузвелтова, ти вртат у фаца со тоа колите, а ти на зелено си на пешачки. А Орце и никола тесла е хорор, вртиш лево, глеаш дали идат од карши лудаци, пешаци на зелено проаѓаат, на сите им е зелено!! А демек што? Проток се постигнува? 5 коли во минута има таму се на се.

Бе зосет семафори. Зосет.

andrejnaumovski:

--- Цитат: Deni на 21 Февруари 2026, 10:04:24 am ---

Цел град е хорор за пешачење, што од лоши решенија, што од неконтролирање на паркирани возила. Пример пешачките по 8ми Септември кај што поминуваш булевар преку пешачки за да завршиш на... друга улица на која нема тротоар ниту пешачки. :)

kimi makedonski:
Да резимираме градот не го бива да се возиш со кола, да користиш јавен транспорт е прелошо а и пешачењето не го бива.
Единствени што не се жалат се тртинетџиииве моментално. За нив се е дозволено и супер задоволни се.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија