Ај малку и јас да се подсетам на минатото.
Прва кола што ја памтам на татко ми беше фичо 750ка. Со него до Охрид се одеше по 7-8 саати, куваше пустото и мораше да се одмара по пат. Ама битно беше со обратни врати.
Сликата е нет но е најблиску до изгледот на фичото.
Втора кола пак фичо. И пак со обратни врати ама кратко се задржа кај нас, два три месеци.
Трета кола пак фичо. Е сега со нормални врати ама 850ка
. Муња. И после ова фичо може имавме уште 10 бидејки татко ми во тоа време растураше фичовци.
Со тешки маки и солзи во очите се продаде кај наш роднина.
Четврта кола, луксуз стокец со итаљански мотор и 1300кубика со округли фарови(свеќи). Е од тука више почнувам и јас да возам
. Добро идеше!
Па купивме голф кец дизел 1.6 тенџере боја. Со една кола не биваше стално се каравме за стокецот. Така да голфот за татко ми за мене стокецот.
Ги имавме стокецот и голфот сеуште ама се загреав за матиз од салон. Тогаш нешто имаа попусти па бев ептен загреан ама сепак купивме половен од автопазар. Ама некако не го засакав и го продадовме за пола година. Нешто ситно после матизот го продадовме и стокецот. И пак останавме со една кола.
Следна кола пунтич (повеќето го знаете) Го возев цели 15 години.
Првата и втората слика недела дена од кога го купив. Третата и четвртата слика недела дена пред да го продадам.
Во меѓувреме голфот заврши во отпад, скапа целиот и не вредеше да де крпи а моторот коска беше. Па татко ми си купи југич
После пунтич следеше меривка. Дента кога ја купив.
И тоа е тоа на јас што се сеќавам.