Здраво на сите,
Ајде и јас да се претставам со новата (прва) кола од пред една недела...Се работи за:
Opel Astra 1.7 CDTI 74kw, 2005 година увезена од Италија, по кажувањето на увозникот, сменета во салон старо за ново, не е Cosmo па колку што се разбирам има помалку опрема.
Направив регистрација и стандарден сервис, мајсторот ја пофали дека немало цигански работи правено на неа, па останува да видиме како ќе се покажи. Првите 300км е одлична
Уште не ми се јасни одредени опции на board компјутерот за кои планирам да се консултирам тука, или доколку некој ја има истава кола би го замолил да ме контактира за помош.
Еве и неколку слики од после перење на технички после регистрацијата.