Да, ако не те мрзи 
Изолација, удобност на суспензија по нашите улици, управливост, менувач, задоволство во возењето, внатрешен простор...
Моето не е стандард, па не е во ред споредбата.
Задоволството во возењето е поголемо кај Мини, подобри седишта има Сузукито, пониско се седи во Минито што е подобро за спортско количе, позади не знам како е во Свифтот али во минито нема место за нозе.
Перформансите на моето е бар дупло подобри и сузукито, и стандард Минито е каде каде поинтересно и побрзо.
Али Купер С е дупло поскапо
Сузукито го провозев 20 минути, али доволно ми беше за да знам дека не ме воодушевува како спортско количе, само мислам дека моето Мини и Интеграта ми ги поместиле критериумите за забавно градско количе.
Нема место за нозете и во Свифтот. Only just..
Не прашувам за перформансите, преголема е разликата. Менувачот, воланот, кочниците. Swift треба да има феноменални кочници. Каква вожња има, дали е крута. Дали на високи брзини скака ко шпедитер? Која потрошувачка ја извади?
Менувач - одличен, краток, прецизен.
Воланот - директно управување, солидно, и кожата остава солидно чувство на рацете. Посебен шмек даваат црвените конци со кои е обшиена кожата.
Кочниците - одлични, но мора да се земе во предвид дека колата и не е баш многу моќна и брза. Според мои стандарди, тамам е.
Возењето е круто, ама не е болка за умирање. Сепак, се работи за спортска верзија од возило. Споредено со А-Класата, Свифтот има вожња како С-Класа (тука мислам дека А-Класата има премногу тврдо возење, не дека Свифтот е нешто многу комфорен).
Не скока, прекрасно држи.
Потрошувачка - малку повисока од она што го очекував. 8.5-9 градска, ама си го вртев на повисоки вртежи (4.000-6.000).
Возено од сала Борис Трајковски до Водно, и назад.